Вечерен ритуал за средување на мислите после кој ќе бидете посреќни

Дали сте помислиле колку може да влијае врз вас и вашата состојба еден добро смислен и редовно воспоставен вечерен ритуал?

vecheren-ritual-za-sreduvanje-na-mislite-posle-koj-kje-bidete-posrekjni-01.jpg

Што е најлошото што ви се случило во животот? Како тоа влијаеше врз вас? Дали влијае и до денеска?

Задржете ја мислата и проследете ја следнава приказна:

„Пред повеќе од 30 години живееше еден човек по име Џејми, чиј брак пропаѓаше, а тој беше на раб на депресија. Но, иако имаше големи проблеми, никогаш не отиде на терапија - што е иронично, бидејќи Џејми и самиот беше психолог. 

Наместо тоа, тој почна да пишува и тоа многу. Пишуваше за бракот, за кариерата, за детството и за сè што го мачи и тогаш сфати - тој вече се чувствува подобро. Така му стана јасно колку неговата сопруга му значи и реши да ги расчисти сите проблеми. Тогаш помисли: ‘Ако мене ми помогна пишувањето, тогаш може да им помогне и на другите со нивните проблеми.‘

А, како психолог, реши да го испита тоа и во теорија. И бил во право. Уште од почетокот кога првпат била објавена неговата студија во 1986 година, стотици студенти покажале дека и нив пишувањето им помогнало во многу аспекти во животот.“

vecheren-ritual-za-sreduvanje-na-mislite-posle-koj-kje-bidete-posrekjni-02.jpg

Каде се крие објаснувањето?

Интензивното запишување на чувствата и мислењата е како разговарање со најблизок пријател или терапевт и чини доста поевтино од посета на психолог. Кај потешките случаи, кои мораат да бидат контролирани и од психијатат, исто така е забележано дека пишувањето им помага на пациентите.

Луѓето кои пишуваат за своите најдлабоки мисли и чувства, како и за трауматичните искуства, покажале пред сè, многу подобар имунолошки одговор за разлика од другите, кои пишуваат фикција. Ослободувањето од емоциите може да трае со недели, но по завршувањето со пишување, олеснувањето е повеќе од забележливо.

Ефектот бил видлив и врз луѓе чија ментална состојба се нарушила поради физичка болест. Пишувањето нема магична моќ и лековити својства, но е навистина бесплатно терапевтско средство, од кое може да излезе и некое големо литературно дело.

Затоа, навечер пред спиење обидете се да пишувате, да водите дневник или дури и да се обидете да напишете роман. Ќе си легнувате со многу почисти мисли и послободно срце. Не губите ништо, обидете се и ќе забележите напредок уште по првата недела.

Споделувајте ги и позитивните и негативните мисли, легнете си ослободени од нив. Текстуалниот запис понатаму може да ви помогне да носите подобри одлуки и да се потсетувате каде сте биле некогаш, а каде сте сега или накратко кажано, да се разберете себе најдобро што можете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава