Од кога се пие кафе?

od-koga-se-pie-kafe-povekjeАнгличанецот George Constant Washington, кој живеел во Гватемала, е заслужен за постоењето на инстант кафето, а швајцарската компанија „Нестле“ е...

 

...заслужна за неговото денешно производство.  

Еспресо уредот, кој во 1901 го патентирал Luigi Bezzera, создаде уште еден вид на љубители на кафето. Еспресото е напивка направена со пуштање на пареата под притисок низ кафето. Многу е побогато и поконцентрирано од стандардното филтер кафе. Се користи како основа за капучино или лате.

Љубителите на капучиното треба да го запомнат името на италијаните Ахи и Гаги кои го усовршиле уредот за еспресо и овозможиле производство на капучино.

Капучиното е направено од еспресо и еднаква количина загреано или запенете млеко. Топлото млеко се меша со еспресото, а пената се става на врвот. Најчесто се прави комбинација од 1/3 еспресо, 1/3 загреано млеко и 1/3 пена од млекото.

od-koga-se-pie-kafe

Лате е направено од еспресо и загреано млеко. Соодносот е 1/3 еспресо и 2/3 загреано млеко. 

Макијатото е направено од еспресо со многу малку загреано млеко или пена од млекото додадена на врвот.

Иако вистинските љубители на кафето со сомнеж ќе гледаат на кафето без кофеин, треба да знаете дека тоа се пие уште од 1903 година.

Тогаш, германскиот трговец Лудвиг Руселиус им поклонил на група научници поголема количина оштетени зрна кафе кои не можел да ги продаде. Тие смислиле начин како да го отстранат кофеинот, а притоа да не го уништат изворниот вкус.

Какво кафе вие пиете најчесто?

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg