Двосмислени комплименти кои воопшто не се ни комплименти

Некои „комплименти“ дури и да се најдобронамерни, треба да останат премолчени.

dvosmisleni-komplimenti-koi-voopshto-ne-se-ni-komplimenti--01.jpg

Ако не сте сигурни дали нешто треба да кажете, подобро е воопшто да не го кажете тоа, бидејќи дури и вашата најдобра намера може да биде протолкувана како дрскост.

Ова се примери за 10 комплименти од овој тип, кои може дури и да бидт навредливи:

„Начинот на кој го надмина тоа е толку инспиративен.“

Дали сте сигурни дека таа личност го надминала проблемот? Болеста? Загубата? Дали сте сигурни дека има нешто инспиративно во тоа?

Особено внимавајте ако ваков комплимент давате на личност која има видлив хендикеп.

„Навистина умееш со зборови.“

Дури и ако 100% го мислите ова, внимавајте да не помисли личноста дека вообичаено не умее, а дека сега е вонредна ситуација во која сте го забележале тоа.

dvosmisleni-komplimenti-koi-voopshto-ne-se-ni-komplimenti--02.jpg

„Не се ни забележува бременоста.“

Еднаш-засекогаш. Бременоста не е пристојно да се коментира.

„Браво што се враќаш на работа, јас не можам да дозволам друг да ми ги расте децата.“

Зарем мислите дека таа сакала да се врати на работа и да слуша вакви разговори? А и тој што ги чува децата не е којзнае кој, туку близок роднина, човек од доверба или воспитувачи во градинка со лиценца за таа работа.

„Изгледаш добро. Ослабна?“

Задржете се само на првиот дел од коментарот и не се обидувајте да погодувате што е променето.

dvosmisleni-komplimenti-koi-voopshto-ne-se-ni-komplimenti--03.jpg

„Твојот англиски (или кој и да е друг јазик) е одличен.“

Ако се работи за некој кој вложува многу труд да зборува немајчин јазик, тогаш сигурно и има инвестирано во соодветни курсеви за тоа и дошол спремен на работното место или во новата средина.

„Одлично изгледаш денеска.“

Затоа што вообичаено изгледа ужасно или?

„Предобра си како за (потекло).“

Ова е непристојно, бидејќи генерализирате друг град, држава, раса или верска припадност.

dvosmisleni-komplimenti-koi-voopshto-ne-se-ni-komplimenti--04.jpg

„Прекрасна си, од каде си?“

Ако некој двои со својот физички изглед од другите, не значи и дека доаѓа од странство или друг град.

„Носи ја косата почесто исправена/виткана.“

Ако некој експериментира со изгледот, сосема е нормално да ви изгледа поинаку отколку вообичаено. Но, тоа не дава дозвола да „наредите“ отсега да изгледа така.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава