Како си ја уништувате самодовербата во 3 чекори преку социјалните мрежи?

Секогаш кога се споредувате со нечија среќа, начин на живот или изглед преку социјалните мрежи, вие нанесувате трајни повреди на својата самодоверба.

kako-da-ja-ubiete-samodoverbata-vo-3-chekori-preku-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Секако, важно е да останете во комуникација и со виртуелниот свет, но внимавајте на останатите активности кои ги имате на социјалните мрежи.

Некогаш тие имаат предност, можат да ве кренат во облаци и да ви биде супер, но за уште пократко време да ве спуштат на земја со силен тресок од кој нема да знаете како да закрепнете.

Вашата самодоверба и самопочит се доста кршливи. Доволна е само мала гребнатинка за сè да се „скрши“ во сите аспекти од животот. Поради тоа, покрај на самопочитта и самодовербата, треба да внимавате и на сликата за себе што ја имате.

Социјалните мрежи штетно влијаат на следниве три начини:

Споредување со други

Поудобно е да се биде во своја кожа без да се споредувате со другите. Секогаш ќе има некој што изгледа подобро и поатрактивно за вас, но секако не ви е целта да бидете фото-модел за на насловна страница. Научете се дека вие сте вие, таа личност, во тоа тело и тоа е она што вреди.

kako-da-ja-ubiete-samodoverbata-vo-3-chekori-preku-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Глумење дека сте нешто што не сте

Вниманието на социјалните мрежи годи, дури и кога доаѓа во форма на само еден лајк. Но, луѓето често губат контакт со реалноста и влегуваат во филм, па имаат еден живот во реалноста, а друг на социјалните мрежи.

Се чувствувате лошо поради туѓите достигнувања

Многу сакате да сте на местото на соученичката од средно која сега го шета светот или на место на колегата од факултет кој навистина напредува во својата кариера. За ова има само еден лек - гледајте го својот живот и влечете најмногу што можете од него.

kako-da-ja-ubiete-samodoverbata-vo-3-chekori-preku-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава