Кондоми со поминат рок и уште 13 смешни знаци дека сте сингл предолго

Телефонот и далечинскиот управувач си имаат своја страна од креветот. Ги бричете само деловите од нозете кои се гледаат во јавност.

kondomi-so-pominat-rok-i-ushte-13-smeshni-znaci-deka-ste-singl-predolgo-01.jpg

Дали на моменти ви изгледа дека сите околу вас се во врска, а само вие сте сингл постојано?

На Твитер почнаа да осамнуваат смешни „симптоми“ дека некој е сингл предолго под хаштагот #SignsYouAreSingle.

Дел од забавните твитови.

Сингл сте кога...

- Телефонот и далечинскиот управувач си имаат своја страна од креветот.

- Немате проблем да јадете нешто мрсно за вечера... на полноќ.

- Ги бричете само деловите од нозете кои се гледаат во јавност.

- Му се извинувате на вашето куче кога излегувате.

- Најдолгата врска ви е со омилената серија.

- Само вашата мачка има пристап до сите ваши лозинки.

kondomi-so-pominat-rok-i-ushte-13-smeshni-znaci-deka-ste-singl-predolgo-02.jpg

- Местото за совозач во автомобилот ви служи како биро.

- Спиете на средината од креветот.

- Единствената СМС порака што ја добивте во изминатата седмица е предупредувањето дека не сте ја платиле телефонската сметка.

- Рокот на кондомите во вашата фиока им е поминат.

- Даската на тоалетната шолја секогаш е во иста позиција како што ја оставате.

- Кога соседите се забавуваат и пуштаат гласна музика, вие викате полиција.

- Потребни ви се 2 седмици за да ја наполните машината за садови.

- Го прашувате телефонскиот асистент Сири за упатство како да стигнете дома за да имате со кого да зборувате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава