Запознајте ги сестрите Фокс, девојките кои зборуваа со мртвите луѓе

Кејт Фокс, Лиа Фокс и Маргарет (Меги) Фокс беа три сестри кои одиграа важна улога во ширењето на спиритизмот.

Zapoznajte gi sestrite Foks devojkite koi zboruvaa so mrtvite 01

Градот Лилидејл е познат како мека на американските спиритисти, кои ја изградиле својата колонија околу проколнатата куќа на сестрите Фокс. Приказната за овие необични сестри започна кога членовите на семејството Фокс почнаа да слушаат звуци во куќата. Овие чудни звуци  главно доаѓаа од собите на сестрите.

Тие потоа решаваат да комуницираат со “духот“, за кој сметаа дека беше изворот на овие звуци. Според нивната приказна, духот беше трговец, убиен во куќата пред неколку години. Тој продолжил да комуницира со девојчињата, а набрзо потоа му се придружија и други духови.

Веста за сестрите кои зборуваат со духовите почна брзо да се шири, а девојките почнаа да заработуваат со помош на своите натприродни способности, вршејќи услуги за разни клиенти, а набрзо стекнаа и светска популарност.

Zapoznajte gi sestrite Foks devojkite koi zboruvaa so mrtvite 02

Пропорционално со нивната популарност, во Америка почнаа да се појавуваат сé повеќе и повеќе наводни "медиуми" кои тврдеа дека можат да комуницираат со светот на духовите. Новинарите беа фасцинирани од таквите приказни.

Меѓутоа, четири децении подоцна сестрите повторно се појавија во јавноста со приказна дека сè беше измама. Се работеше за детска игра со која сакале да ја исплашат мајка им. Но кога луѓето станаа сериозни и заинтересирани, сестрите продолжија со својата игра. Тие објаснија дека звуците, кои можеле да се чујат за време на сеансите, всушност ги произвеле тие, користејќи ги ножните прсти.

Zapoznajte gi sestrite Foks devojkite koi zboruvaa so mrtvite 03

Нивните следбеници беа убедени дека ова признание е лага. Движењето на спиритизмот ги надживеа сестрите, кои починаа во раните 90-ти години на деветнаесеттиот век.

Постои приказна дека во текот на 1904 година, децата кои си играле во куќата на починатите сестри, откриле скелет зад напукнатиот ѕид во подрумот. Се верува дека скелетот му припаѓал на убиениот трговец од оригиналната приказна.

Лилидејл е и денес место на кое се собираат оние кои веруваат дека е можно да се комуницира со починатите луѓе, а можеби и сестрите Фокс сé уште се движат низ напуштените ходници на старата куќа, тропкајќи со нивните ножни прсти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава