Нераскажаната вистина за хипнозата

Сите имаат слушнато за хипноза, а многу психијатри ја користат како форма на терапија. Но хипнозата не е само илузија.  Некои луѓе можат да се хипнотизираат, додека некои луѓе не можат. Хипнозата и нејзината ефикасност се сè уште нејасни за многу невролози и психолози. Тие знаат дека хипнозата делува, но не знаат зошто некои луѓе се повеќе подложни на хипнозата од другите.

Neraskazanata vistina za hipnozata 01

Самата хипноза е стара колку и човештвото. Во Сумер се користела во 4 милениум п.н.е. од страна на свештениците и лекарите, кои користеле хипнотички сугестии за лекување на пациенти. Модерната историја на хипнозата почнува со виенскиот лекар Ф.А. Месмер, кој се смета за основач на хипнотерапија.

Хипноза е според дефиниција премостување на критичниот фактор на свесниот ум и воспоставување на прифатливо селективно размислување. Нејзината предност е што се занимава со потсвесната личност повеќе од другите психотерапевтски техники. Хипнозата е врска помеѓу свесниот и потсвесниот дел од нашиот ум, а може да се спореди со состојба веднаш по будењето или непосредно пред заспивањето.

Хипнозата не е трик ниту паранормална активност. Се работи за терапевтска процедура која може да биде аспект на нормалното човеково однесување.

Секој што сака може да влезе во состојба на транс. Хипнозата нема да успее кај луѓето кои се плашат или кои немаат желба да влезат во ваков вид на транс. Од трансот можете да излезете кога сакате, бидејќи станува збор за природна состојба во која сте будни и свесни за себе и вашите чувства.

Neraskazanata vistina za hipnozata 02

Како изгледа хипноза?

Во принцип, хипнозата ги претвора негативните „програми“ или обрасци во потсвеста во позитивни. Целта е болката да излезе на површина за да излезат потиснатите спомени. Една сесија на хипнотерапија трае 90 минути. По краткиот разговор започнува класична хипнотичка индукција, проследена со состојба на хипноза, која е специфична за секој поединец.

Овој вид на терапија се користи за откажување од пушење, губење на тежина, несоница, фобии, тензии, анксиозност, мигрена, зависности, импотенција и сл.

Во случај на емоционални проблеми најдобро е да се пристапи кон индивидуална хипноза. Во случај на губење на тежина или лекување на зависност се препорачува групна хипноза. Бројот на третманите зависи од сериозноста на проблемот и од карактерот на лицето. Ако некое лице не е доволно мотивирано или не верува во ефективноста на хипнозата, постои можност третманите да не бидат ефективни.

Neraskazanata vistina za hipnozata 03

Во принцип, процесот на хипнотерапија изгледа вака:

Употреба на авторитет - хипнотерапевтот дава инструкции со едноставни реченици.

Визуализација - хипнотерапевтот сугерира и опишува одредени сценарија и ситуации.

Балансиран говор - хипнотерапевтот зборува рамномерно и балансирано, со еднаков ритам и без различни гласовни промени; понекогаш се користи и тивка музика во заднина.

Neraskazanata vistina za hipnozata 04

Повторување на зборовите - хипнотерапевтот повторува клучни зборови повеќе пати за време на терапијата.

Емоционални знаци - хипнотерапевтот ги интегрира сите информации што ги знае за емоционалните промени на клиентот и ги користи за поттикнување на промени.

Аналогија, метафора и асоцијативни изјави - хипнотерапевтот користи споредби со познати искуства или слики, за да му помогне на клиентот да постигне физичка релаксација.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава