Храм во Индија ја има најмистичната врата на светот - никој не знае што се крие зад неа

Храмот Padmanabhaswamy е хиндуистички храм сместен на југозападниот брег на Индија. Храмот е посветен на божеството Вишну. 

Dali se osmeluvate da ja otvorite misterioznata vrata vo hramot Padmanabhaswamy 01

За првпат се споменува во древните текстови (од 500 години п.н.е. ) како античко место за обожавање, но никаде не постои запис кога започнала неговата изградба или кој го изградил.

Во текстовите се споменува дека ѕидовите и столбовите се направени од злато, но најимпресивната работа околу храмот е мистериозната комора наречена Комора Б, која нема брава, квака или завртка за отворање. Затворена е од страна на свештеници со помош на звучни бранови и мантри, а никој не знае што се наоѓа внатре.

Комората ја чуваат релјефи на две џиновски кобри, а легендата вели дека секој кој ќе се осмели да ја отвори вратата ќе заврши трагично. Античкиот храм повеќе од 500 години криел 8 тајни комори, од кои пет се отворени според наредбата на индискиот врховен суд.

Од коморите е изваден трон, украсен со дијаманти, рубини, смарагди и сафири, направен за статуа висока 6 метри, потоа круна од чисто злато, неколку ѓердани, како и многу злато.

Многумина претпоставуваат дека зад Комората Б се крие непроценливо богатство, додека ведските астролози предупредуваат: Ако „обичниот човек“ ја отвори вратата голема катастрофа ќе го уништи светот.

Dali se osmeluvate da ja otvorite misterioznata vrata vo hramot Padmanabhaswamy 02

Вратата може да ја отвори само светиот човек кој се откажал од сите материјални моќи, пеејќи ја моќната мантра Гаруда.

За личноста која ќе ја испее оваа мантра, вратата автоматски ќе се отвори, но проблемот е што никој не знае да ја пее.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава