Постои ли научно објаснување за феноменот наречен ретрограден Меркур?

Дали повеќе верувате на астрономијата или астрологијата? Дали мислите дека токму ретроградниот Меркур ви ги создава сите неволји и неповолни периоди?

postoi-li-nauchno-objasnuvanje-za-fenomenot-narechen-retrograden-merkur-01.jpg

Оние кои следат астрологија често се среќаваат со поимот ретрограден Меркур и истиот често се поврзува со хаосот во животот на претставниците на хороскопските знаци. Оваа година четири пати имаме ретрограден меркур и тоа од 5 до 28 март, од 7 јули до 2 август и од 31 октомври до 20 ноември.

За ретроградноста на Меркур, односно неговото движење наназад, се зборувало уште во 18-от век. Луѓето се воделе со оваа појава и ја сметале за лош предзнак. Се пишувале статии и се давале најразлични објаснувања.

Некои во тој период мислеле дека можат да комуницираат со мртвите, да гатаат и да предвидуваат што ќе им се случува на одредено поле. Римскиот бог Меркур управува со патувањата, парите и комуникацијата, а астрологијата сличните карактеристики ги припишува на планетата Меркур. Затоа и кога е ретрограден, не се препорачуваат почетоци на нешта кои сакате да успеат.

postoi-li-nauchno-objasnuvanje-za-fenomenot-narechen-retrograden-merkur-02.jpg

Што вели науката?

И додека има такви кои веруваат дека Меркур влијае врз луѓето, научниците сметаат дека толку мала и толку далечна планета не може да има толку силно влијание врз Земјата. Единствен феномен во сето ова е што планетата се движи обратно, од исток кон запад, но и за ова има објаснување - тоа е оптичка илузија за посматрач од Земјата.

Годината на Меркур е доста пократка отколку на Земјата и трае вкупно 88 денови, односно една наша година е еквивалентна на четири меркурски. Кога планетите се една до друга, на иста страна на Сонцето, личи дека Меркур се движи кон исток во однос на нас, а кога се случува тоа повторно, ни изгледа како да се движи кон запад.

Исто така, сите планети во Сончевиот систем имаат и различни орбити, па Земјата и Меркур не се единствени кои го имаат феноменот на ретроградност.

Од ова, може да заклучиме дека потсвесно сме уверени дека ретроградниот Меркур влијае негативно врз нашиот живот. Но дали сте помислиле дека така ги перципирате нештата само затоа што верувате во тоа?

Се работи за сосема природна појава, но сепак е забавно да се припишуваат неповолностите врз една мала планета во вселената, зарем не?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg