Кои се најголемите разлики во изразувањето на емоции кај мажите и жените?


Кои се најголемите разлики во изразувањето на емоции кај мажите и жените?

На емоционалноста обично се гледа како на женска карактеристика. Девојчињата плачат, а момчињата негативните емоции ги чуваат во себе.

Koi se najgolemite razliki vo izrazuvanjeto na emocii kaj mazite i zenite 01

Кога стануваат возрасни, поради разлики во изразувањето на емоциите, мажите и жените често имаат проблеми со меѓусебните односи. Жените сметаат дека мажите се бесчувствителни, а мажите веруваат дека жените се премногу чувствителни.

Постојат повеќе разлики во изразувањето на емоциите кај мажите и жените од културолошката гледна точка до биолошкото гледиште. Ова се некои од нив:

Според културолошкото гледиште се смета дека изразувањето на емоциите е условено од поделбата на улогите.

Во овој случај мажите учат да ги контролираат емоциите на тага или страв, додека треба слободно да го изразат својот гнев или агресија. Девојките учат да ги покажуваат своите емоции преку плачење или зборување, но не и агресија.

Поради ова мажите подоцна тешко можат да ги изразат чувствата на беспомошност или тага, поради што истите ги игнорираат, додека кај жените е обратно.

Дали само општеството ги има воспоставено таквите емоционални начини за изразување или постои предиспозиција за такво нешто?

Koi se najgolemite razliki vo izrazuvanjeto na emocii kaj mazite i zenite 02

Биолошката гледна точка покажува дека разликите во доживувањето и изразувањето на емоциите кај половите се делумно условени од влијанието на различни хормони, како и разликите во физиолошкото функционирање на мозочните структури.

Се верува дека тестостеронот, хормонот кој е одговорен за развојот на примарните сексуални карактеристики кај мажите, влијае врз развојот на агресивноста. Хормонот естроген е доминантен кај жените, поради што би требале да бидат помалку агресивни.

Забележано е и дека кај женскиот пол побрзо се развива областа на церебралниот кортекс, која е одговорна за вербалните способности и емоционалното функционирање, додека кај мажите побрзо се развиваат областите кои се задолжени за решавање на просторни и механички проблеми.

Со ова се објаснува дека на жените им е полесно да ги вербализираат своите чувства.

Она што е сигурно е дека и мажите и жените имаат ист опсег на емоции, само начинот на кој тие ги изразуваат е поинаков. Затоа не можеме да кажеме дека жените се повеќе емотивни или дека мажите се нечувствителни.

Koi se najgolemite razliki vo izrazuvanjeto na emocii kaj mazite i zenite 03

Овие разлики најчесто се проблем во емоционалните односи. Некои жени мислат дека, ако емоциите не се изразени со зборови, истите не постојат. Понекогаш и кога сакаат да кажат како се чувствуваат, мажите не можат да најдат вистински зборови за да ја опишат нивната емоционална состојба.

Мажите често не сакаат да признаат дека се чувствуваат на одреден начин, особено кога се тажни, бидејќи тагата е емоција општествено неприфатлива за мажи. Од друга страна, жените често кажуваат како се чувствуваат, или истото јасно го изразуваат со експресија.

Она што е, исто така, важно е дека преку изразување на емоции жените чувствуваат некакво психолошко олеснување, додека кај мажите истите се акумулираат, поради што можат да реагираат насилно.

Важно е да се разбере дека изразот на емоциите не е условен од полот, туку од особините на личноста, на самиот човек и начинот на кој е воспитан. Според овие обрасци го обликуваме ставот кон изразувањето на емоциите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Проблеми со кои се соочуваат само девојките со големи гради Жените кои не можат да се пофалат со големо деколте, им завидуваат на оние кои г...
За жените кои немаат идеја: Мажите откриваат какви подароци сакаат Дали и вие сте од оние жени кои немаат идеја за машки подароци и тоа им е најгол...
Зошто на жените им е постојано ладно и почесто „мрзнат“? Ако сте жена и ако постојано ви е ладно, не се грижете, тоа е нормално, а ако ст...