Љубовницата на Пикасо и уште 7 најпознати музи на уметниците во 20-тиот век

Секој уметник, без оглед дали е музичар, писател, сликар или вајар, бара инспирација за своите дела. Понекогаш идеите можат да инспирираат, или престојување во идилична природа, дискусија, филозофија, социјална неправда. Но понекогаш уметниците својата инспирација ја наоѓаат во луѓето околу нив. 

Sekoj-umetnik-ima-svoja-muza-a-ova-se-najpoznatite-muzi-01.jpg

На некој начин, овие влијателни личности можеме да ги наречеме музи. Некои уметници имаат потреба за фиксација за да можат да се изразат.

Ова е листа на неколку најистакнати музи кои ја обележаа историјата на уметноста:

Кики де Монпарнас (1901-1953)

Алис Ернестин Прин, попозната како Кики де Монпарнас била пејачка, модел и актерка. Ги дефинирала дваесеттите години на претходниот век што се однесува до модата, а била и модел за многу познати уметници: Жилијан Мандел, Жан Кокто, Пер Крог.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 02

Мари - Тереза Валтер (1909-1977)

Мари - Тереза Валтер, љубовницата на големиот уметник Пабло Пикасо, му била инспирација во периодот на надреалистичката фаза. Како што Пикасо ја заменил жена му Олга Кохлова за Мари, така и Мари била заменета од Дора Мар, идната муза на Пикасо.

Sekoj-umetnik-ima-svoja-muza-a-ova-se-najpoznatite-muzi-03.jpg

Гала (1894-1982)

Родена како Елена Ивановна Диаконова, подоцна позната како сопруга на најголемиот шпански надреалистичен уметник Салвадор Дали.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 04

Пети Смит (1946-)

Роберт Меплторп и Пети Смит се запознале во шеесеттите години на минатиот век во Њујорк. Пети била темната хероина на панкот, додека Роберт бил темниот витез на фотографијата. Од цимери станале љубовници за потоа да станат долгогодишни пријатели.

Пети често позирала за него, додека тој креирал портрети за кавери на нејзините плочи.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 05

Алба Клементе (1953-)

Девојка која била во друштво на уметници како Енди Ворхол и Жан-Мишел Баскијат, станала инспирација и големо откритие за нејзиниот иден сопруг, Франческо Клементе.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 06

Еди Седгвик (1943-1971)

Еди Седгвик била американска актерка и манекенка. Како муза на Енди Ворхол станала една од најпознатите музи на дваесеттиот век. Седгвик има глумено во неколку кратки филмови на Ворхол, а големите Velvet Underground ѝ посветиле и песна „Femme Fatal“. Освен на Вархол му била муза и на Боб Дилан.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 07

Дајан Китон (1946-)

Китон е американска филмска актерка, режисерка и продуцент. Кариерата ја започнала во театарот, а нејзината прва главна улога била во филмот „Кум“ (1972), но филмовите кои ја обележале нејзината кариера биле филмовите на Вуди Ален.

Филмот „Ени Хол“ (1977) ѝ донел Оскар за најдобра актерка, а токму таа му била инспирација на Ален за филмот.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 08

Нора Барнакл (1884 - 1951)

Сопруга и муза на познатиот писател Џејмс Џојс. Нивниот однос бил многу сложен, бидејќи имале различни карактери, различни вкусови и културни интереси.

Sekoj umetnik ima svoja muza a ova se najpoznatite muzi 09

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава