Како нашите предци порано ги замислувале вонземјаните?

Кога Галилео Галилеј за прв пат ги изнесе своите наоди во 17-от век, христијанската црква се обиде да ги цензурира, поради што истите долго време не им биле познати на јавноста. Но, кога неговите истражувања станаа широко познати, луѓето почнале да се прашуваат дали овие други планети изгледаат како нашата?

Niz percepcijata na nasite predci sto mislite kako lugeto porano gi zamisluvaa vonzemjanite 01

Дали на нив постои живот? Дали на нив живеат луѓе? Кога и Црквата конечно реши дека таквите шпекулации не се богохулни, стана прифатено постоењето на другите планети и светови. Доколу постојат други планети во вселената, нивната единствена цел би била да обезбедат живот за човечките суштества. Почнувајќи со ова убедување на нашите предци, што мислите, како луѓето порано ги замислуваа вонземјаните?

За брзо време почнаа да се објавуваат книги во кои се шпекулираше за тоа каков вид на живот би можел да постои на другите планети. Некои автори претпоставуваа дека секој свесен организам кој живее на тие планети би требало да личи на човек. Што е, секако, егоцентричен став.

Други автори подлабоко го разглабале проблемот за тоа што значи да се биде човек, со идејата дека квалитетот и природата на умот и свеста се поважни од обликот.

Големиот германски астроном, Јоханес Кеплер, во 1634 година пишува книга наречена „Сомниум“, која може да се смета за прв научно фантастичен роман. Како сериозен научник, тој ја опиша Месечината и суштествата кои би можеле да живеат на неа, во согласност со времето во кое живеел.

Тој пишува дека Месечината е вонземски свет, каде што ноќите се ладни и долги 15 денови. Животните кои живееле на Месечината се адаптирале на овие тешки услови. Некои биле во хибернација, додека другите развиле тврди оклопи и друга заштита.

Како што напредуваше 17-от век, концептот дека сите планети се населени се земаше здраво за готово. Во 1656 година језуитскиот свештеник и писател, Атанасиј Кирхер, го испраќа јунакот на неговата книга на екстатичкото патување низ вселената со ангелот како негов водич.

Во текот на овие патувања низ небесниот свет, Месечината всушност била прилично погодна за живеење, имала планини, океани, езера, острови и реки.

Niz percepcijata na nasite predci sto mislite kako lugeto porano gi zamisluvaa vonzemjanite 02

Во „Изгубениот рај“ (1667) на Џон Милтон, ангелот Рафаел и Адам разговараат за можноста за живот на други планети, вклучувајќи ја и Месечината. Но ангелот го предупредува Адам дека е опасно да размислува за такви работи, бидејќи Бог смета дека луѓето не треба да ги разберат сите тајни на создавањето.

Францускиот математичар, Бернард де Фонтенел, во својата книга „Entretiens sur la pluralité des Mondes“ (Разговори за плуралноста на световите, 1689) се обидува да одговори на прашањето дали постои живот на другите планети. Ова го прави на сосема уникатен начин.

Тој објаснува дека, иако другите планети се светови многу слични на нашите, условите таму веројатно би биле многу различни. На пример, на Меркур ќе биде неверојатно жешко, бидејќи е блиску до Сонцето. Доколку би постоел живот на овие планети би требало да биде одраз на адаптација на овие специфични услови.

Проблемот со кој Де Фонтенел се соочи беше фактот што научниците не знаеле доволно во тоа време. Тој работел само со приближните големини на планетите и нивните приближни растојанија од Сонцето. Не можел да знае каква би била атмосферата на планетите и дали воопшто би постоела.

Сепак, де Фонтенел не дозволил оваа пречка да ја спречи неговата имагинација, па тој детално ги опишувал суштествата кои живееле на другите планети.

Niz percepcijata na nasite predci sto mislite kako lugeto porano gi zamisluvaa vonzemjanite 03

Жителите на Меркур, според него, биле бучни, возбудени и брзи. Личеле на мал, црн народ, изгорен од Сонцето, полн со духовитост и позитивност. Тие пишувале стихови, биле љубители на музиката, организирале фестивали, танцови и турнири секој ден.

Спротивно на тоа, жителите на Венера уживале во флертување, на Јупитер живееле одлични филозофи, а оние од Сатурн, поради фригидната клима на нивната планета, претпочитувале да седат на едно место цел живот.

Во „A Voyage to the World of Cartesius“ (1694), Габриел Даниел ги опишува жителите на Месечината како целосно духовни суштества, без физичко тело, кои можеле да патуваат од едно до друго место со силата на нивната волја.

Овие книги, фантастични и реалистични, ги убедуваа своите читатели дека постојат други светови и дека е можно да има живот на другите планети. Луѓето дури почнаа да се прашуваат дали самите ѕвезди можат да бидат други Сонца?

На крајот на краиштата, тие прашуваа дали универзумот е бесконечен по големина и дали има бесконечен број на ѕвезди. Зарем не е разумно да се претпостави дека барем некои од нив можеби имаат Сонце како нашето, а доколку постои Сонце како нашето, можеби постојат и планети како нашата, таму некаде, во бесконечната вселена.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg