Ретро, метро - сексуалност

retro-metro-agro-seksualnost-povekjeСексуалноста очигледно постојано еволуира и денешните склоности си имаат свои имиња и дефиниции. Ќе се задржиме на неколку моментално...

 

...актуелни термини кои сè почесто се користат, а за кои, можеби и не сте најсигурни што точно значат.

1. Ретросексуалци. На почетокот ова беа мажи кои не ги интересираат новите трендови во сексот и ги користат исклучително старите проверени методи во заведувањето и сексот.

retro-metro-agro-seksualnost-1

Со тек на време ова станаа личности кои се враќаат во минатото и сакаат да ги оживеат старите страсти. Без оглед на тоа дали сте моментално во врска или не, а „оперирате“ по Фејсбук и договарате кафе со некоја поранешна девојка, сега имате и етикета – ретросексуалец!

2. Метросексуалец. Ако не можете да си допуштите ременот да не ви одговара со чевлите, сакате да отидете на маникир, педикир, чистење лице и масажа, а притоа да сакате жени – вие сте метросексуалец. Или – шмекер.

retro-metro-agro-seksualnost-2

Овие дечки сакаат шопинг повеќе од својата понежна половина, имаат еден тон козметички препарати. Во сексот се организирани, сакаат предигра, снимање, а им е важно како изгледаат во текот на целиот однос. Сè мора да биде организирано и на врв на задачата.

3. Агросексуалци. Сè што е метросексуалецот, агросексуалецот не е! Тој не знае кога последен пат користел парфем, спа или велнес, но затоа кога станува збор за мотика, копач или плуг – му нема конкуренција.

retro-metro-agro-seksualnost-3

Ова се типови кои заведуваат по околните села. Агросексуалецот не е тип за предигра и атмосфера. Ужива во сексот и секогаш преминува на главното.

4. Наносексуалец. Последен тренд кога е во прашање сексуалноста се наносексуалците – асексуални личности на кои сексот не им е примарен. Кај нив сè се сведува на духовен аспект на уживање и постигнување душевен мир без секс.

retro-metro-agro-seksualnost-4

Познато е дека овие личности патат од асексуален синдром и не уживаат во никаква форма на секс. Кај нив постои тренд „Доволен сум си сам на себе“. Овие личност се откажале од воспоставување емоционална врска и се посветиле на зголемување на квалитетот на сопствениот живот.

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Надреални фотки кои покажуваат колку е чудна природата Сте виделе ли ембрион од пајак? А мравјалник издлабен во дрво или, пак, најголем...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на... Актерот Џони Луис бил еден од ретките кои наместо забави, дрога и алкохол сакале...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg