Џон Ди – контроверзниот ренесансен волшебник кој наводно зборувал со ангелите

Малкумина луѓе можат да се споредат со Џон Ди, големиот математичар кој имаше навика низ призмата на науката да ја набљудува природата. Тој беше убеден дека бројките го претставуваат вистинскиот одраз на божествениот аспект врз материјата и дека сè може да се претстави и дефинира преку бројките. 

Dzon Dikontroverzniot renesansni volsebnik koj zboruvase so angelite 01

Покрај математиката, Ди ги изучуваше и астрономијата, астрологијата, и окултизмот. Исто така беше и навигатор, картограф, лингвист и десната рака на кралицата Елизабета I, но најпознат е по својата комуникација со ангели.

Џон Ди е роден на 13 јули во 1529 во Лондон. Во центарот на вниманието за прв пат влегува во 1555 година. Таа година е уапсен под обвинение дека изработил хороскоп за кралицата Мери I на Англија и принцезата Елизабета. Во овој хороскоп го предвиде падот на Мери и подемот на нејзината сестра, Елизабета.

Смртта на кралицата Мери го означи крајот на нејзиното владеење, како што самиот Џон Ди предвидел, а на престолот, истата година, доаѓа нејзината сестра Елизабета. Може да се каже дека од тој момент Ди имал навистина големо влијание на англискиот двор, како и на новата кралица.

Од моментот кога се најде под покровителството на Елизабета I, Ди почнува да се занимава со херметички знаења. Повеќето од неговите капацитети се свртуваат кон внатрешно духовно учење. Ди бил побожен христијанин, но првенствено во рамките на херметичката и христијанската езотерија.

Dzon Dikontroverzniot renesansni volsebnik koj zboruvase so angelite 02

Тој се обидувал да стапи во контакт со силите на нематеријалната природа - ангелските суштества, како ги нарекуваше. Освен што ги повикувал овие ентитети или ангели, тој постојано пишувал во својот дневник дека истите му се јавуваат во разни форми, од човек до демон.

Потоа на сцената се појавува Едвард Кели кој засекогаш ќе му го промени животот на Ди.

Кели го имаше прекарот на црниот волшебник, пред сè поради неговите медиумски вештини. Ова на Ди не му било важно, бидејќи во својот ново-стекнат пријател го видел клучот за дешифрирање на јазикот на ангелите.

Dzon Dikontroverzniot renesansni volsebnik koj zboruvase so angelite 03

Од моментот кога почна да соработува со Кели, Ди во своите дневници открива неверојатни искуства за материјализирање на чудесни суштества - од девици до гадни, монструозни суштества. Тој се обидуваше да ја открие нивната природа и им припише ангелски или демонски карактер.

Она што ја претставува круната на нивната работа е канализирање на енохијанскиот јазик, - јазикот на ангелите со кои се служеле Адам и Ева. Иако за нивниот живот не успеале да го завршат овој систем на јазик, зад себе оставиле многу основи за понатамошна употреба кои се користат во многу кругови до ден-денес.

Фасцинантно е што тука станува збор за совршено изградена лингвистичка структура, граматика и синтакса која ни најнапредниот човечки ум не би можел да ја измисли, секако не за толку краток временски период. Стилот на пишувањето беше од десно кон лево, целосно применлив и функционален.

Кели, во состојба на променета свест, му опишувал на Ди што гледал, опишувајќи ги симболите, додека Ди ги запишувал истите. На овој начин се создадени неколку книги со примени пораки и симболи кои дури и денешната наука не успеала да ги разјасни.

Dzon Dikontroverzniot renesansni volsebnik koj zboruvase so angelite 04

Во меѓувреме на престолот доаѓа Џејмс, наследникот на Елизабета, кој немал интерес за натприродно или окултно. Ди, кој ја изгубил жената и големиот дел од семејството во епидемија на чума, бил принуден да ги помине последните години од својот живот во беда, продавајќи го имотот за да преживее. Џон Ди почина во 1609 година, а неговиот гроб никогаш не е пронајден.

Работата на овој окултист силно влијаеше врз основањето на Розенкројцери, како и Херметичкиот ред на Златната зора. Тој инспирираше многу следбеници, првенствено Елифас Леви, додека Алистер Кроули ги користеше основите на енохијанскиот јазик.

Групата Iron Maiden му ја посвети песната „The Alchemist“ а фронтменот на групата Blur, Дејмон Албарн напиша опера за животот и работата на Ди („Dr Dee: An English Opera“).

Денес во Британскиот музеј постојат многу инструменти кои Ди и Кели ги користеле за време на нивната работа – кристална кугла, разни огледала, восочни печати (т.н. пентакли) со врежани симболи и многу други предмети.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Амери... Во 2009 година, Џон Едвард Џонс решил да ја истражи пештерата Nutty Putty во САД...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg