Како патувањето со авион влијае на вашето тело?

Иако патувањето со авион генерално е безбедно, може да се случи да искусите не така пријатни ефекти додека летате.

Kako patuvanjeto so avion vlijae na vaseto telo 01

Покрај аеродромските гужви и стресот, патувањето на таа висина има големо влијание на вашето тело. Факт е дека притисокот во авионот е прилагоден на начин да превенира да ви се слоши од висината, но и покрај тоа може да ве здоболи глава или да ви се приспие.

Стапалата може да ви отечат

Долгочасовното седење во една иста положба не им годи на зглобовите и стапалата. Вените се притиснати и крвотокот се соочува со потешкотии, па затоа се препорачува додека се возите во авион, да прошетате низ него кога тоа е дозволено.

Во случај на турбуленции, за ваша лична безбедност може да вртите кругови со стапалата додека седите на вашето седиште.

Може да дехидрирате

Воздухот што го дишете во авионот всушност доаѓа однадвор, а воздухот на таа висина има многу малку влага. Тој е сув, со влажност од околу 10%. Дехидрацијата може да предизвика замор, па затоа препорачливо е да пиете многу вода, дури и пред да се качите на авион.

Не чувствувате вкусови

Храната што се служи во авион не е толку лоша колку што изгледа. Всушност, воздухот со ниска влажност ги суши мембраните во вашата уста и носот, што може да влијае на вкусот.

kako-patuvanjeto-so-avion-vlijae-na-vaseto-telo-02.jpg

Вашата кожа губи влажност

Ова е уште еден ефект на сувиот воздух - дехидрацијата може да доведе до сува кожа и испукани усни. Користете лосион за хидратација, пијте вода и измијте го лицето кога ќе се симнете од авионот. Ексфолијацијата ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата кои во крајна линија предизвикуваат акни.

Може да се појави лош здив

Кога устата ви се суши, немате доволно плунка и тоа доведува до размножување на бактериите во устата и лош здив. Ако не сте појадувале и не сте испиле доволно вода, ќе ви се случи ефектот на утрински здив.

Пијалаци полни шеќер и брзата храна не може да го решат овој проблем. Најдобро е да си носите четка за заби со себе за време на долги летови, како и да пиете многу вода.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...

Најчитани неделава