Зборови што треба да престанете да ги користите кога се опишувате себеси

Кога зборувате за себе, треба што повнимателно да ги избирате зборовите кои ги користите. Не поради другите, туку поради себе.

6-zborovi-shto-treba-da-prestanete-da-gi-koristite-koga-se-opishuvate-sebesi-01.jpg

Зборовите некогаш може да не се одраз на она што го мислиме, но исто така, имаат и моќ длабоко да се врежат во умот и да го натераат да верува во нив. Истото важи кога и самите зборувате за себе.

Затоа не ги користете следниве зборови:

Осамен/а

Дури и кога така се чувствувате, било да е после раскинување, губење пријателство или смрт на блиска личност, запомнете дека не сте сами и не сте осамени. Сигурно постои барем уште една личност која ќе ви помогне да го надминете ова чувство.

Глупав/а

Ова е една од најнегативните мисли кои можете да ги имате за себе. Премногу негативност, дури и кога мислите дека ја контролирате, може да направи да почнете да верувате дека сте навистина глупави и дека е сосема нормално да правите грешки.

7-zborovi-shto-treba-da-prestanete-da-gi-koristite-koga-se-opishuvate-sebe-03.jpg

Мрзлив/а

Да не се лажеме, секој имал ден или фаза во која не сакал или не можел да се вложува себе како вообичаено. Потребна е само малку поголема мотивација, за мрзеливоста да премине во продуктивност.

Само...

„Јас сум само работник“ или „Јас сум само еден просечен студент“... Зборот „само“ додава негативен контекст на вашиот опис и да бидеме реални, звучи патетично.

Вие не сте само обичен човек или само обичен работник, туку напротив, во вас лежи огромен потенцијал кој допрва треба да биде виден.

Чувствителен/на

Сите сме колку-толку емотивни, но не смеете да си судите себе и да се етикетирате како чувствителна личност, особено не ако тоа го правите пред другите.

Безнадежен/на

Колку и да сте уверени дека ова е вистина, сè додека сте живи имате шанса да излезете од таквата ситуација. Учете, мотивирајте се, собирајте искуства и испратете со тоа позитивна порака на оние околу вас.

7-zborovi-shto-treba-da-prestanete-da-gi-koristite-koga-se-opishuvate-sebe-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава