Што знаеме за окото на Хорус?

Често се вели дека очите се прозорци на душата и дека еден поглед зборува повеќе од илјада зборови. Човекот со очите го гледа физичкото, а понекогаш и невидливото. Поради овие карактеристики окото добива повеќеслојно симболично значење.

Sto znaeme za okoto na Horus 01

Од митските времиња во Египет окото имаше посебно свето значење и моќ, а беше поврзано и со различни божества. Окото кое гледа сè или окото на провидението е термин кој е вкоренет во египетската митологија, а обично е поврзан со големиот египетски бог-сокол Хорус.

Хорус, бог кого Египќаните го прикажувале во форма на јастреб, е еден од најстарите богови на древниот Египет. Името Хорус е латинизираната форма на грчкото име Хорос, кое потекнува од египетскиот Хор и го означува небото.

Во раните текстови тој е познат како син на богот Ра и брат на Изида, Озирис, Сет и Нефтис. Тој е Бог на небесниот свод, а неговите очи се Сонцето и Месечината. Тој е и лицето на небото, посредник помеѓу небото и земјата, боговите и луѓето.

Во својот втор, подоцнежен аспект, Хорус е син на Изида и Озирис, кој исто така се нарекува Хорус Помладиот.

Двете форми се поврзани со познатата митска борба помеѓу Хорус и Сет за престолот, која, исто така, ја симболизира борбата помеѓу светлината и темнината. Во таа борба, Хорус го победува Сет но го губи левото око.

Sto znaeme za okoto na Horus 02

Тот, богот на мудроста, успева да го излечи окото на Хорус и да му го врати. Оттогаш, левото око на Хорус симболично ја претставува Месечината, додека десното око го симболизира Сонцето, и се нарекува окото на Ра.

Окото на Хорус за Египќаните претставуваше мистичен извор на живот, а се веруваше дека заштитува од негативни влијанија. Затоа е честа амајлија во Египет до ден денес.

Окото на Хорус може да се види на бродовите, на саркофазите, во погребните ритуали и сл.

Sto znaeme za okoto na Horus 3

Сите овие облици на окото, без оглед на времето, се многу слични. Окото на Хорус е нацртано во форма на човечко око со веѓа, но со елементи што потсетуваат на окото на сокол.

Во заднина на оваа повеќеслојна симболика на окото на Хорус стои вечната борба помеѓу светлината и темнината, доброто и злото.

Окото на Хорус нè потсетува дека очите секогаш треба да ни бидат отворени.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава