10 причини зошто треба да ја гушнеш твојата постара сестра веднаш

Постои вечна и нераскинлива врска меѓу две сестри, а приврзаноста на помалата кон постарата е нешто што не може со зборови да се објасни.

10-prichini-zoshto-treba-da-ja-gushnesh-tvojata-postara-sestra-vednash-01.jpg

Она што е сигурно е дека ако имаш постара сестра, знаеш колку таа ти е важна и дека не можеш да го замислиш животот без неа. Понекогаш можеби и ќе заборавиш колку си среќна што ја имаш. Т

аа веројатно не е примерот кој треба да го следиш, но повеќе од сигурно е дека е единствената која може да те разбере во секој момент.

Можеби кога бевте помлади се каравте за играчки или за далечинскиот управувач, но кога ќе погледнеш наназад, сигурно ти е јасно колку животот би ти бил тежок ако таа не постоеше.

Сигурно не ти требаат посебни причини да ја гушнеш, но добро е да се потсетиш што е таа во твојот живот:

Од нејзе секогаш ги добиваш најдобрите совети

Можеби родителите се оние кои секогаш ти мислат најдобро, но мудроста на постарата сестра е она што можеш да го искористиш во животот.

Било да се работи за љубовни маки или за некаква драма, таа неодамна поминала низ истото и го знае исходот. Затоа и може најдобро да те насочи како да се справиш со ситуацијата.

Полна е со животни лекции

Дури и да сте мала разлика, таа веќе го поминала патот кој сега ти го одиш. Секако, некогаш може и да погреши, но и тогаш ќе биде покрај тебе за да те насочи кон излезот.

10-prichini-zoshto-treba-da-ja-gushnesh-tvojata-postara-sestra-vednash-02.jpg

Има одлична облека што можеш да ја носиш и ти

Барем еднаш во животот си побарала да ти позајми некое парче облека и знаеш дека е подготвена да ти дозволи да ја носиш дури и нејзината најомилена маичка. Прави го и ти истото за неа.

Секогаш можеш да ѝ се јавиш

Твојата сестра е подготвена да остави сè друго, само за да може да те сослуша и тоа важи и ако живеете на различни континенти. Секоја порака која ќе ѝ ја пратиш, ќе биде одговорена.

Те прави носталгична

Некогаш се сеќаваш на безгрижните детски денови и сфаќаш дека секој бесценет спомен ја содржи и нејзе.

Секогаш имаш најдобра пријателка

Можеби се дружите со различни друштва и имате различни животни патеки, но таа е најдобриот пријател кој никогаш нема да те предаде, по никоја цена.

10-prichini-zoshto-treba-da-ja-gushnesh-tvojata-postara-sestra-vednash-03.jpg

Можеш да ѝ кажеш буквално сè

Дури и најсрамните ситуации може да бидат смешни кога ќе ги споделиш со својата сестра. Таа може да ти даде најдобронамерен совет, но никогаш нема да ти суди.

Те прави подобра личност

Да растеш со постара сестра, значи и целиот живот да имаш некого покрај себе. Имај предвид дека таа имала неколку години кога била единствено дете, но научила за минута дека постоиш ти и дека од тој момент треба да бидете сложни и да не се делите.

Ти си вистинската ти покрај неа

Твојата сестра те сака и кога спиеш и кога си во пижами и кога си најлошата верзија на себе. Пред нејзе, нема потреба да се боиш со филтри и ефекти.

Те сака без разлика на сè

Ако за нешто не треба да се грижиш, ниту да го доведуваш во прашање, тоа е љубовта на твојата постара сестра кон тебе. Запомни го тоа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg