Најчудните случаи на масовна хистерија низ историјата - танцувачка манија, епидемија на смеа

Масовна хистерија е термин кој се користи за да се опише ситуација во која физичките или психолошките симптоми се појавуваат масовно, брзо се шират низ заедниците, а понекогаш и низ цели градови и земји. 

Tancuvacka manija vesterki i smea ova se najcudnite slucai na masovna histerija niz istorijata 01

За време на хистеријата погодените лица можат да доживеат неконтролирана смеа, несвестица, испади, вртоглавица, мускулна слабост и други симптоми кои немаат никаква физичка причина. 

Случаите на масовната хистерија се пријавени во целиот свет, а со векови ни даваат фасцинантен увид во комплексната природа на човечката психологија.

Ова се неколку чудни случаи на масовна хистерија низ историјата.

Терминот „хистерија“ потекнува од грчкиот збор „hystera“ што значи матка. Оваа асоцијација потекнува од старите египетски папируси, во кои се тврдело дека причините за хистеричните нарушувања се резултат на спонтано движење на матката до различни локации во женското тело.

До средниот век ова верување било заменето со верување во вештерство, демонско поседување или лудило што предизвикувало хистерија. Додека појавите на масовна хистерија продолжуваат да ја збунуваат медицинската заедница, се верува дека истите се поврзани со екстремни случаи на емоционален или ментален стрес.

Танцувачка манија (13-ти и 17-ти век)

Танцувачка манија, позната и како танцувачка чума, ја зафати континенталната Европа помеѓу 13-ти и 17-ти век. Еден од најголемите испади се случи во Ахен, Германија, на 24-ти јуни, 1374 година.

За време на оваа појава луѓето танцувале хистерично низ улиците со часови, денови, а очигледно и со месеци, додека не паднале од исцрпеност. Некои дури и починале од срцев или мозочен удар.

Танцувачката чума се случила многупати во средновековната Европа, во Италија, Луксембург, Франција, Германија, Холандија и Швајцарија. Првично се сметало дека танцувачката манија била проклетство, а сè уште не се знае дали се работи за вистинска болест или социјален феномен.

Француските калуѓерки и мјаукањето (19-ти век)

Институции како училиштата, затвори и тесно поврзани заедници, честопати биле места на кои избивала масовна хистерија. Во книгата „Епидемии на средниот век“ се пишува за калуѓерка во еден манастир во Франција, која почнала да мјаука како мачка. Набргу потоа, другите калуѓерки почнале да го прават истото, сè додека целиот манастир не почнал да мјаука.

Tancuvacka manija vesterki i smea ova se najcudnite slucai na masovna histerija niz istorijata 03

Ова однесување ги загрижило луѓето, па биле повикани и војници да се обидат да ја решат ситуацијата. Калуѓерките биле камшикувани и претепани од страна на војниците, додека не ветиле дека ќе престанат. Во 19 век било вообичаено да се верува во посесивност, а во Франција мачките често биле сметани за ѓаволски суштества.

Епидемијата на смеата (1962)

Епидемијата на смеата започна на 30 јануари, 1962 година, во едно интернатско училиште за девојки во Кашаша, Танзанија. Ја започнале три девојки, а наскоро смеата се проширила низ целото училиште.

Смеата траела со часови, денови, а потоа и недели. Откако училиштето било затворено масовната хистерија се проширила и во другите училишта. Илјадата деца биле погодени од овој испад, а 14 училишта биле принудени да затворат. Хистеријата заврши после осумнаесет месеци.

Судења на вештерките во Салем (1692-1693)

Еден од најозлогласените случаи на масовна хистерија е оној што се случи во Салем, Масачусетс, во 1692 година. Десетици млади девојки почнале неконтролирано да врескаат и чудно да се однесуваат. Ова предизвика обвинувања за вештерство.

Резултатот на манијата биле големите сослушувања и мачења на лица обвинети за вештерство, познати како „Судења на вештерки во Салем“, што резултирало со смрт на 25 жители на Салем.

Tancuvacka manija vesterki i smea ova se najcudnite slucai na masovna histerija niz istorijata 02

Судењата на вештерките од Салем, кои станале влијателен настан во историјата на САД, се користеле во политичката реторика и популарната литература за потенцирање на опасностите од изолацијата, религиозниот екстремизам и лажните обвиненија.

Денес масовната хистерија не се поврзува со демонските поседувања како порано, а овој феномен и понатаму се случува.

Последниот испад се случи во 2012 година, кога околу 1.900 деца во 15 училишта во Шри Ланка имале низа заеднички симптоми, вклучувајќи кожен осип, вртоглавица и кашлање, без очигледна физичка причина.

Додека случаите на хистерија делуваат смешно и бизарно, истражувањата покажуваат дека постојат многу сложени фактори кои можат да придонесат за формирање и ширење на колективната хистерија.

Ова вклучува социјални проблеми, културолошки притисоци, гласини, стравови, возбуди, религиозни верувања, зајакнување на активностите од страна на авторитетни личности и екстремен стрес.

Иако социјалните, политичките и религиозните контексти се менувале низ вековите, човечката психологија во голема мера останала иста, поради што најверојатно ќе бидеме сведоци на уште многу масовни хистерии во иднина.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Морничавите злодела на браќата Харпе, првите сериски убијци: Си ги убиле децата, ги мачеле своите со... Браќата Харпе, Микаја „Големиот“ Харп и Вајли „Малиот“ Харп, биле озлогласени се...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg