6 чудни нешта кои се случуваат во женското тело

Во античко време жените се сметале за различен вид од мажите бидејќи имале поинакви тела и вештини. 

6-cudni-nesta-koi-se-slucuvaat-vo-zenskoto-telo-01.jpg

Денес, колку и да се променети нештата во однос на тоа колку се рамноправни двата пола, постојат многу неразјаснети мистерии за женското тело.

Утринските мачнини се добри за идните мајки

Научниците од Универзитетот во Колорадо откриле дека утринските мачнини се всушност механизам преку кој телото на мајката му помага на фетусот да ги избегне токсините од риба, месо и други намирници што мајката ги внесува. Исто така, утринските мачнини се знак за силно бебе, односно жените кои имаат утрински мачнини имаат помал ризик од спонтан абортус.

6 cudni nesta koi se slucuvaat vo zenskoto telo 02

Жените разликуваат гласови од најрана возраст

Дури и женско бебе старо само една недела може да го разликува гласот на својата мајка од гласот на друго бебе кое плаче. Оваа вештина е корисна при препознавање на луѓе кои лажат - жените можат да почувствуваат и најмала промена во гласот која се случува кога некој лаже.

Хромозомот Х е дел од добар имунолошки систем

Според научниците, хромозомот Х кој е одговорен за зачнување на женско бебе во себе носи повеќе микро - РНК, што е причина за посилен имунитет на бебето и намален ризик од појава на рак.

Жените полесно ги надминуваат настинките

Естрогенот, кој е поприсутен кај жените отколку кај мажите, е одговорен за потиснување на воспалителниот процес. Ова значи дека жените полесно и побрзо се справуваат со настинките. Естрогенот исто така го забавува стареењето на телото, па оттука и фактот дека жените живеат подолго.

6 cudni nesta koi se slucuvaat vo zenskoto telo 03

ПМС симптомите се појавуваат и исчезнуваат зависно од возраста

Тие се најприсутни во тинејџерските години и после 40-тата, бидејќи тоа се периоди на најголеми хормонални промени. Симптомите вклучуваат главоболки, проблеми со кожата и болка во зглобовите и мускулите.

Двете гради се различни

Екстремно мал број жени низ светот имаат гради со иста големина, бидејќи вообичаено едната е поголема од другата. Ниту еден дел од човечкото тело не е симетричен.

Сексуалната желба и желбата за храна се исти

Да, добро прочитавте - возбудата за партнерот и возбудата за одредена храна вклучуваат ист дел од мозокот кај жените.

Контрацепцијата влијае на физичката привлечност

Научно е докажано дека мажите ги привлекуваат плодни жени иако тоа не мора да значи дека сакаат да имаат деца. Мирисот на женското тело е тоа што го открива нејзиниот потенцијал, меѓу повеќе биолошки тенденции. Контрацепцијата ја намалува атрактивноста на жените бидејќи „додава“ машки хормони и ја елиминира можноста да останат бремени.

6 cudni nesta koi se slucuvaat vo zenskoto telo 04

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава