Како и зошто стриповите станаа мејнстрим?

Стриповите и нивните суперхерои во последниве години доживуваат вистинска експанзија, а се етаблираат и како еден од најсилните бастиони на популарната култура. Самото име-стрип, во различни јазици има различни конотации.

Kako i zosto stripovite stanale mejnstrim 01

На англискиот јазик значи „лента“ (бидејќи приказната е раскажана во ленти). Иако зборот „comic“ сугерира поврзаност со комедија, хуморот не задолжителен или својствен на овој жанр. Ова име првенствено се користи за означување на публикација чија приказна претставува комбинација на слики и текст. Стрипот, како форма, е производ на американската култура, па и неговото потекло се поврзува, пред сѐ, за САД.

Првите стрипови биле додатоци во дневните или неделните весници во раните 30-ти години, а биле наменети за деца и адолесценти. Во средината на весникот стоел двојно помал формат наречен панел на кој уметниците ги цртале своите приказни.

По првичната популарност на таквите памфлети во весниците, Максвел Гејнс, издавач од Њујорк, решил да објави неколку такви кратки приказни. Првата збирка ја објавил во 1934 година, а се продавала за 10 центи. Името на овој оригинален стрип било „Famous Funnies“.

Првиот вистински стрип, кој подоцна ќе стане класичен стрип, е „New Fun“, таблоид издаден од Дел во 1935 година. Интересно е што Дел ќе стане издавачка куќа која денес ја знаеме како DC Comics.

Популарноста на таквите списанија се зголемувала за време на Втората светска војна, кога стриповите станале многу популарни кај американските војници. За оваа растечка популарност на стрипот биле заслужни, пред сѐ, суперхероите, кои се појавуваат пред самиот почеток на четириесеттите години.

Kako i zosto stripovite stanale mejnstrim 02

Кон крајот на 30-те години се појавуваат Супермен и Бетмен, додека Супермен бил најголемиот хит кај публиката.

Оригиналните креатори на Супермен, Џери Сигел и Џо Шустер, за првпат го претставиле својот карактер во „Акциските стрипови“ во јуни 1938 година. Наредната година, Супермен добива сопствена серија на стрипови, а до 1940-тите се продава во повеќе од еден милион примероци.

Потоа на сцената доаѓа Марвел со своите херои: Human Torch, Намор, подводниот човек, и Капетан Америка. Првата суперхероина, Wonder Woman, е создадена една или две години по првите суперхерои, во 1942 година.

Суперхероите се користеле како пропаганда и извор на мотивација за американските војници. Така на насловната страница на првиот број на Капетан Америка (во март 1941 година) овој суперхерој го удира нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Kako i zosto stripovite stanale mejnstrim 03

Покрај нив биле популарни и вестерн стрипови, кои подоцна стануваат најпопуларниот американски жанр.

Но и покрај таквата ненадејна популарност стриповите за малку ќе биле уништени како жанр во годините по Втората светска војна.

Кризата започнала во 1950-тите, поточно во 1953 година, кога американскиот Сенат формирал Комисија за малолетничка деликвенција. Тие тврделе дека стриповите и нивните автори ги поттикнувале младите луѓе на нелегално однесување, првенствено поради огромната популарност на крими и хорор стриповите по Втората светска војна.

Во обид да го спасат стрипот како жанр, заедницата на издавачите на стрипови создава The Comics Code Authority (CCA), која требала да ја прегледува содржината на стриповите и да ги цензурира потенцијално проблематичните делови.

Новиот бран на неверојатна популарност на стрипот се должи на уметниците кои во 50-те и 60-те години биле вклучени во создавање на нови изданија. Под влијанието на филмовите и кинематографијата, уметниците во своите фрејмови ги додавале и филмските техники.

Kako i zosto stripovite stanale mejnstrim 04

Кога нешто ќе доживее голем комерцијален успех, логично е дека холивудската продукција ќе почне да се занимава со тој феномен. Па така денес многу филмски студија ги имаат откупено правата на суперхероите.

Супермен и Бетмен останаа најпопуларни карактери со најмногу филмски адаптации, како и Спајдермен.

Може да се каже дека културата на стрипот ќе остане еден од столбовите на популарната култура и во наредните години.

Двајца големи конкуренти (DC и Марвел) успеваат да го одржат нивото на своите продукции, со надеж дека ќе се надминат меѓусебно. Во исто време, зајакнувањето на интернетот им дава можност на неинформираните уметници да ги презентираат своите стрипови, што заедно придонесува за зајакнување на оваа супкултура.

Сè на сè, може да се каже дека стриповите повеќе не ги читаат само бубалиците, стриповите се денес неразделен дел од популарната култура и мејнстрим.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg