Уште уникатни идеи: Вапцајте ги велигденските јајца со чај

Во последниве години сè попопуларни се природните начини на бојадисување на велигденските јајца, наспроти купувањето вештачки бои и пигменти.

ushte-unikatni-idei-bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-so-chaj-001.jpg

Вапцање со чај и други природни состојки се одличен начин да спречите во јајцето да навлезат бои и хемикалии, но и да добиете уникатни нијанси и ефекти врз лушпата.

Постапка:

Сварете јак чај и оставете да отстои со кесичката или листовите најмалку 10 минути. Во изладениот чај ставете малку оцет и потопете ги јајцата. Чувајте ги во фрижидер преку ноќ. Наредниот ден ќе добиете уникатни јајца кои ќе ја красат вашата велигденска трпеза.

Каков чај и комбинации да користите за да добиете различни бои?

На пример, за да добиете нијансирано мермерно јајце во тонови на розовата боја, оставете ги јајцата во јак чај од хибискус во кој се оставени  и ливчињата од растението.

Складно розови јајца ќе добиете ако измешате една чаша црн чај со една чаша сок од цвекло.

За виолетови јајца ви е потребна смеса од црн чај и црно вино во сооднос 1:1.

easter-eggs-1231120_1280.jpg

Жолти јајца ќе добиете ако измешате чај од камилица, јак зелен чај и една лажичка куркума.

Со мешавина од чај од шипинка и хибискус ќе добиете интересна сива нијанса.

Портокалови јајца на природен начин се добиваат со помош на рооибос чај и куркума.

Доколку ги потопите во јак црн чај, ќе добиете кафеава нијанса на јајцата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава