Прстените означувале сопственост, а веловите оган - Свадбени обичаи кои имаат темно потекло

Кога размислуваме за свадбите размислуваме за убавите работи, за поврзаноста, дружењето и прославата. Сепак, свадбите не секогаш биле симбол на среќа, а самите свадбени ритуали зад себе имаат темно минато.

Prstenite oznacuvale sopstvenost a velovite ogan svadbeni obicai koi imaat temno poteklo 01

Порано стравот бил еден од главните фактори кој се поврзувал со свадбите. Многу традиции и обичаи кои се денес вообичаени имаат страшно потекло.

Некои се поврзани со зли духови, сопственост над луѓето и други теми кои и не се толку убави.

Прстените означувале сопственост

Антрополозите веруваат дека вереничкиот прстен потекнува од времето на античкиот Рим. Оваа практика во тоа време означувала сопственост. Прстените имале и некаков вид на клуч, за ефектот да биде поголем.

Ова значење се променило во 1477 година, кога Максимилиан од Австрија на својата сопруга ѝ понудил екстравагантен дијамантски прстен. Обичајот се проширил и во викторијанската ера, а подоцна дошол до обичната популација.

Пренесување на невестата преку прагот било знак на неволно напуштање на домот

Повторно се Римјаните виновни за обичајот што се ширел и станал вообичаен. И покрај верувањето дека ова се правело за да ги избрка злите духови, тоа не била првичната причина за оваа пракса.

Невестата морала да докаже дека неволно го напуштила домот на својот татко, а ова бил единствениот погоден начин.

Prstenite oznacuvale sopstvenost a velovite ogan svadbeni obicai koi imaat temno poteklo 02

Букетите се користеле за да го маскираат непријатниот мирис

Невестите за прв пат почнале да носат букети во 15-от век. Во средниот век луѓето не мирисале толку пријатно како денес, а букетите служеле да го маскираат непријатниот мирис на невестата.

Покрај букетите се користеле и растенија со силни мириси.

Велот бил црвен, за да ги избрка злите духови

Порано невестинските велови биле црвени, а целта била да личат на оган. Невестата целосно била покриена со црвена боја, за да изгледа како да гори, што требало да ги исплаши злите духови.

Црвената боја потоа станала бела, но целта за заштита останала иста.

Prstenite oznacuvale sopstvenost a velovite ogan svadbeni obicai koi imaat temno poteklo 03

Татковците буквално ги „предавале“ ќерките

Овој обичај денес се смета за симболичен, но порано, кога жените се сметале за сопственост на мажите, ова „предавање“ имало друго значење, нешто како деловна трансакција.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава