Големиот потоп, градината, судниот ден - митови кои постојат во речиси сите религии

Мит претставува приказни кои потекнуваат од различни културни области од целиот свет, а зборува за потеклото и настанокот на човекот, народите и другите суштества, боговите и хероите како и универзумот. 

Golemiot potop gradinata sudniot den ovie mitovi postojat vo recisi site religii 01

Митот секогаш се занимава со прашањето за потеклото на светот. Се дефинира и како општоприфатено верување кое се заснова на приказни кои ги објаснуваат работите околу нас.

Содржината и формата на митот може да се менува во согласност со желбите и потребите на оној што ги раскажува, во согласност со публиката или со целта поради која се раскажува.

Некои мотиви и приказни, во една или друга форма, можеме да ги пронајдеме во речиси сите религии, а ова се некои од нив:

Големиот потоп

Приказната за коработ на Ное и големиот потоп не е оригинална. Многу автори веруваат дека оваа приказна била инспирирана од епот за Гилгамеш, месопотамискиот мит од 14-от век п.н.е. Во ведските списи, исто така, може да се пронајде приказна за потопот.

Овој мит го делат христијанството, јудаизмот, хиндуизмот, верувањата на маите и ацтеките и месопотамиските култови.

Градината на Адам и Ева

Христијанскиот и еврејскиот мит го опишува Едем и неговата градина. Овој мит се повторува и во други верувања, па така сумерската митологија го опишува кралството на богот Енки, кој ги создал луѓето и ги ставил во градина, за на крај да ги исфрли од таму, разочаран од нив.

Golemiot potop gradinata sudniot den ovie mitovi postojat vo recisi site religii 02

Овој мит, како и различни варијанти на приказната, можат да се пронајдат и во Куранот.

Овој мит го делат христијанството, јудаизмот, месопотамските култови и исламот.

Судниот ден

Христијанството го поврзува крајот на светот со второто доаѓање на Христос (по Антихристот). Во будизмот, лицето задолжено за почетокот на новата ера и мир по апокалипсата е Маитреја, додека Евреите го чекаат Месијата, кој ќе го обнови храмот во Ерусалим.

Овој мит е, исто така, присутен во паганските религии. Во нордиската митологија Рагнарок ја претставува последната битка на боговите против злото.

Овој мит го делат будизмот, хиндуизмот, исламот, христијанството, јудаизмот и нордиската митологија.

Небо

За Ацтеките небото е Миктлан, за Грците Олимп, местото каде што живееле боговите, а таму се наоѓа и Елисеј, крајната дестинација за најсреќните. Еквивалентот на грчкиот Олимп во нордиската митологија е Асгард, додека најхрабрите воини оделе во Валхала.

Овој мит го делат христијанството, грчката митологија, мезоамериканските култови и нордиската митологија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава