Дали го знаете вистинското значење на овие симболи?

Симболите со своето магиско значење и изглед ги опфаќаат религиозните, националните и културните концепти. Можат да бидат ембивалентни и со времето да го променат своето првично значење. 

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 01

Така еден позитивен симбол, во зависност од историскиот и временскиот контекст, може да стане негативен. Колку, всушност, знаете за некои од најистакнатите и најпрепознатливите симболи и кое е нивното вистинско значење?

Пехар со змија

Пехарот со змијата ѝ припаѓал на грчката божица според чие име подоцна настанал зборот хигиена. Змијата истовремено ја симболизира смртта и бесмртноста, бидејќи отровот може да убие, но и да излекува.

Во средниот век се користел како симбол за аптеки.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 02

Ороборос

Најраните приказни за овој симбол датираат од 4200 п.н.е. Се смета за најважен религиски, магиски, алхемиски, митолошки и психолошки симбол.

Ороборосот го прикажува кружниот циклус на животот и смртта. Може да претставува и нешто што нема ниту почеток, ниту крај, како и конфликт на доброто и злото.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 03

Давидова ѕвезда

Овој симбол бил популарен од 3000 година п.н.е., а во Индија ја претставувал чакрата поврзана со срцето, каде што се преклопени машкиот и женскиот концепт.

Во 1354 година Карл IV им дозволил на Евреите да го изберат симболот за нивното знаме, а тие ја избрале оваа ѕвезда.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 04

Јин Јанг

Во Кина и Јапонија, како и за сите будисти, Јин Јанг е најважниот симбол. Јин ја претставува темната страна, а Јанг светлата.

И двете страни се во постојана интеракција и контраст. Меѓутоа, секој во себе содржи дел од другиот, затоа се еднакви и различни во исто време.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 05

Тркало

Симболот потекнува од Азија, Средниот Исток и Египет. Го претставува сонцето и го симболизира кружниот тек на животниот циклус.

Подоцна станува „тркалото на среќата“, кое може да донесе нешто добро и нешто лошо во своето непредвидливо движење.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 06

Ружата на ветерот

Симболот датира од времето пред Христос. Се работи за ѕвезда водич, поради што била талисман за сите морнари. На мапата ги претставува страните на светот.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 07

Свастика

Првично во Азија и Индија ја претставувал среќата, креацијата и богатството. Подоцна ги симболизирал четирите букви Л (Light, Love, Life, Luck), светлина, љубов, живот и среќа. Подоцна со нацистите ја добива негативната конотација.

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 08

Пентаграм

Првично бил симбол за борба против злите сили, а често се ставал пред вратите, за злото да не може да влезе. Подоцна го симболизирал Христос, а денес се смета за симбол на сатаната (во превртена комбинација).

Dali go znaete vistinskoto znacenje na ovie simboli 09

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg