5 познати личности кои ќе ве инспирираат никогаш да не се откажувате од своите соништа

Постигнувањето на посакуваните цели може да биде тешко, особено ако постојано наидувате на негативен одговор. Но, важно е да запомните дека многу лоши аспекти доведуваат до добро и дека животот едноставно така функционира.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 01

Овие 5 познати личности имале тешко детство, доживеале сиромаштија, злоупотреба, изолација и чувство на недоразбирање.

Она што им е заедничко е тоа што тие никогаш не се откажале, па не треба ни вие...

Џ.К. Роулинг

Само три години пред првата книга за младиот волшебник, Хари Потер, авторката на овие магични книги имала доста комплициран живот.

Била разведена и живеела од социјална помош. Поради финансиска криза не можела да си дозволи компјутер или да печати книга.

Затоа своите 90.000 зборови од романот ги напишала на машина за пишување, а потоа ракописот го испратила до различни издавачки куќи.

Добила голем број негативни одговори пред да склопи договор со издавачката куќа Bloomsbury во Лондон.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 02

Стивен Кинг

Уште еден генијален писател кој имал тежок старт на својата кариера. Кинг живеел со својата сопруга во приколка, тие биле толку сиромашни што од своите пријатели ја позајмиле облеката за свадбата и престанале да го користат телефонот, бидејќи не можеле да го плаќаат.

Кинг работел на различни работни места, но и покрај тоа никогаш не престанувал да пишува.

Тој ги чувал сите писма на одбивање од страна на издавачките куќи, а поседувал точно 60 такви писма пред да ја објави првата приказна (The Glass Floor).

За приказната добил надомест од 35 долари. Дури и неговиот роман, „Carrie“, првично немал многу успех додека не бил преземен од издавачката куќа Signet Books.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 03

Опра Винфри

Телевизиската ѕвезда, која ја обожуваат низ целиот свет, морала да се справи со многу болни напади за време на нејзината кариера.

Ја критикувале бојата на нејзината кожа, сексуалноста и физичкиот изглед.

Меѓутоа, она што малкумина го знаат е приказната за нејзиното трауматично детство.

Опра била сексуално малтретирана како дете од страна на нејзиниот вујко, роднини и пријатели на семејството.

Родила дете кога имала само 14 години, кое починало две недели подоцна. Сепак, Опра го завршила средното училиште како најдобар студент.

За време на студиите започнала да работи на локалната телевизија, а остатокот е, како што се вели, историја.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 04

Алберт Ајнштајн

Иако многумина го сметаат за најинтелигентен човек, научникот Алберт Ајнштајн не зборувал до својата трета година.

Тој научил да чита подоцна, а многумина мислеле дека е ментално ретардиран.

Ајнштајн работел како државен службеник во Канцеларија за патенти пред да се вработи како професор.

Кога Ајнштајновата теорија на релативноста станала јавна во научната заедница дури тогаш сите почнале да ја согледуваат неговата големина.

Сепак многу колеги го сметале за луд и со исмејување ги отфрлале сите негови идеи.

На сите им станало јасно дека Алберт бил апсолутен гениј само кога во 1921 година ја добил Нобеловата награда за неговите достигнувања.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 05

Шанаја Твејн

Оваа поп-кантри пејачка не почнала да пее од љубов, туку бидејќи морала. Имено, бидејќи нејзините родители биле разведени таа морала да им помогне да преживеат.

Затоа почнала да пее по клубови на 8 години. Кога имала 21 годишна нејзината мајка и нејзиниот очув починале во сообраќајна несреќа, а Твејн морала да се грижи за две помлади сестри и брат.

Поради нив ја одложила својата сериозна музичка кариера, а кога нејзиниот најмлад брат го завршил средното училиште можела да продолжи со својата кариера.

5 poznati licnosti koi ke ve inspiriraat nikogas da ne se otkazuvate od svoite sonista 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg