5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи

Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења потекнуваат од древното минато?

5-jadenja-koi-poteknuvaat-pred-nashata-era-gi-podgotvuvale-i-drevnite-narodi-01.jpg

Благодарение на археологијата, денес знаеме многу за начинот на исхрана на нашите предци. Бидејќи во древното минато луѓето немале модерни кујни како ние, обично мислиме дека нивниот начин на исхрана бил примитивен.

Но, многу од древните јадења останале во кујните на народите ширум светот. Секако, помодерните верзии на овие јадења можеби се разликуваат, но дефинитивно потекнуваат од древното минато.

Пет јадења кои ги приготвувале и древните народи:

Чорба

Чорбата, или манџа, е мешавина на месо, зеленчук и бројни зачини. Како резултат се добива богатство на боја и вкус. Рецептите се генерално едноставни и базирани на сезонски намирници.

Подготовката на месо во течност, на оган додека не омекне, е пракса која се применувала и пред 7.000-8.000 години, со што чорбата станува едно од најстарите јадења на планетата.

Чорбата во многу култури е позната и како храна на сиромашни луѓе поради на достапноста на состојките од кои е направен.

Gi podgotvuvale i drevnite narodi 5 poznati jadenja cii recepti postojat od starata era 02

Леб

Лебот е можеби најстарото јадење што го приготвувале луѓето.

Некои од најстарите примероци на леб е всушност таканаречен flatbread (слично како пита леб). Дел од овие археолошки пронајдоци се датирани уште пред развојот на агрикултурата.

Денес постојат многу видови леб чии рецепти се разликуваат, но генерално основата е иста - брашно и вода.

Квасецот станал состојка од лебот подоцна и се верува дека први почнале да го користат древните Египќани.

5-jadenja-koi-poteknuvaat-pred-nashata-era-gi-podgotvuvale-i-drevnite-narodi-02.jpg

Чизкејк

Овој кремаст и богат колач се состои од тенок слој меко сирење и основа од бисквити измешани со путер или кора.

Најпозната е американската верзија од 1872 година, но оригиналната верзија потекнува од античките Грци, кои користеле едноставна мешавина на мед, брашно и меко сирење за да направат лесна торта која често ја служеле на свадби и други видови прослави.

Постои и малку модернизирана верзија на чизкејкот што го правеле древните Грци и е познат како melopita.

5-jadenja-koi-poteknuvaat-pred-nashata-era-gi-podgotvuvale-i-drevnite-narodi-03.jpg

Пилав

Пилавот се подготвува уште од античкото време. Постојат многу начини на подготовка кои вклучуваат различни зачини, како и разни видови месо.

Ова јадење имало многу имиња, во зависност од земјата од која потекнува, а се знае дека се консумирало на Блискиот Исток, Централна и Јужна Азија, Индија...

Се верува дека први почнале да го прават древните Персијци, па и модерното име потекнува од нивниот јаизк.

Етимолошки потекнува од персискиот збор „polow“, кој потекнува од индискиот „pulao“, а коренот го има во зборот „pulaka“, што значи оризова топка.

5-jadenja-koi-poteknuvaat-pred-nashata-era-gi-podgotvuvale-i-drevnite-narodi-04.jpg

Ќофтиња

Се верува дека ќофтињата потекнуваат уште од древна Персија, а Персијците ги нарекувале kofta.

Ги правеле од јагнешко месо, и тоа многу поголеми од денешните ќофтиња. Според некои извори, персиските ќофтиња биле големи колку портокал.

На месото му додавале зачини, особено шафран, а пред печење ги премачкувале со жолчка од јајце.

Денес ќофтињата и слични специјалитети од мелено месо се популарни во скоро секоја земја, вклучувајќи и кај нас.

5-jadenja-koi-poteknuvaat-pred-nashata-era-gi-podgotvuvale-i-drevnite-narodi-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg