11 начини да бидете продуктивни кога сте болни (или премногу мрзливи)

Ако сте воркахолик, сигурно најлошото нешто што може да ви се случи е да се разболите и да не можете да правите ништо.

11-nachini-da-bidete-produktivni-koga-ste-bolni-ili-premnogu-mrzlivi-01.jpg

Доколку не сакате да се чувствувате како целиот ден да ви бил бескорисен, но немате енергија за ништо, постојат неколку активности што ќе ви помогнат да бидете продуктивни...

Купете подарок од онлајн продавница

Дали наскоро имате некоја венчавка или роденден? Без разлика кој е поводот, секогаш можете да одберете подарок од интернет.

Наместо да излегувате по продавници, вклучете го компјутерот и „одете“ во шопинг.

Побарајте нови рецепти на интернет

Можеби не сте во состојба да готвите, но штом ќе се чувствувате подобро, ќе биде одлично да имате идеја за следниот оброк. Можете да ги поканите и пријателите и да направите мала забава.

Побарајте настани на кои можете да присуствувате кога ќе ви биде подобро

Сигурно ви се случило да сакате да излегувате со пријателите, но да не знаете каде да одите.

Сега можете да го искористите слободното време и да најдете некои настани за кога ќе се чувствувате подобро.

Средете го вашиот мејл

Доколку нотификациите од имејл адресата се двоцифрен број, можеби треба да се организирате. Одговорете на мејловите, избришете ги непотребните и ослободете се од „спам“ пораките од кои немате корист.

Контактирајте ги саканите

Доколку сте изгубиле контакт со личност која ви била драга, искористете го слободното време да поразговарате со неа. Прашајте ја што прави, како е, па дури и направете план да се видите кога ќе се чувствувате подобро.

Средете ги профилите на социјални мрежи

Дали го имате истиот Инстаграм профил од средно? Можете да ја промените вашата биографија, вашата профилна фотографија, па дури и целиот изглед на профилот.

Слушајте подкаст или аудио книга

Нема потреба да ги замарате вашите очи читајќи или гледајќи во екран. Можете да се опуштите, да ги затворите очите и да научите нешто слушајќи подкаст или некоја аудио книга.

Разгледајте ги огласите за работа

Доколку сакате да пробате нова кариера, разгледајте што се бара на пазарот. Доколку пак имате потреба од личност која ќе ви поправи нешто, повторно разгледајте што има на пазарот.

Платете ги сметките

Осигурете се дека сите ваши долгови се исплатени. Доколку можете, платете ги заостанатите сметки онлајн, или направете потсетник за кога ќе се чувствувате подобро.

Испланирајте ги следните неколку недели

Направете листа со обврски за кога ќе се чувствувате подобро. Поделете ги обврските во повеќе денови, така што нема да имате пренатрупан распоред.

Кога однапред ќе го испланирате вашето време, нема потреба од брзање.

Спијте

Можеби не се чувствувате продуктивно кога ќе си легнете во 21 часот, но најдобриот начин побрзо да оздравите е квалитетниот сон.

Исто така не заборавајте да пиете и многу вода. Немојте да се чувствувате мрзливо затоа што одморате. Колку побрзо оздравите, толку побрзо ќе можете да работите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава