Можете да се справите со сè што ќе ви приреди животот

Важно е да знаете дека можете да се справите со анксиозноста што ве држи будни навечер. Важно е да знаете дека можете да се справите со болката од скршеното срце. Важно е да знаете дека можете да се справите со темнината којашто ви се чини дека ве проголтува.

mozhete-da-se-spravite-so-se-shto-kje-vi-priredi-zhivotot-01.jpg

Можете да се справите со сите ужасни, неудобни чувства што ви ги дава животот. Нема секогаш да биде забавно, но вие можете да се справите со тоа. Имате толку многу сила и мудрост во вас. Можете да излезете на другата страна од ситуацијата што ве влечи надоле, само треба да го почувствувате тоа.

Доколку се чувствувате анксиозно или повредено или како темнината на светот да ве проголтува, дозволете си да го почувствувате тоа.

Важно е да си дозволите да сфатите дека овие ситуации нема да исчезнат ако продолжите да ги закопувате. Нема да исчезнат ако ги игнорирате. Нема да исчезнат ако ги чувате заклучени.

Мора да научите да се справувате со нив.

Мора да научите да се движите низ шумата и да ги искачите планините, без да се грижите колку далеку можете да паднете.

Понекогаш учењето доаѓа од работење на својата душа. Можеби тоа се прошетки во природа. Можеби е медитација или молитва.

Можеби тоа значи дека ви е потребно повеќе време за себе, да можете да ги запишете мислите што ги имате. Можеби треба да ги запишете и вашите стравови за да можете да ги погледнете „в лице“.

А можеби пак вашето учење доаѓа од другите. Можеби тоа значи дека ви е потребен терапевт, добар терапевт што ќе ви го осветли патот.

Можеби тоа значи дека треба да земате лекови за да се ослободите од депресијата и анксиозноста. Можеби треба да ги пуштите саканите во вашиот дом кога само сакате да останете сокриени во креветот.

Бидејќи длабоко во себе знаете дека самотијата е удар што не можете да го поднесете сега. Друштвото на саканите е вистински мелем за вашата душа.

Можеби учењето е нешто сосема друго за вас и тоа е во ред. Само не заборавајте дека можете да се справите со што било, сè додека си дозволите да го надминете.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg