Што се случува со телото кога сме во близина на море?

Многумина едвај чекаат да дојде лето и да можат да отидат на море да се релаксираат. Но, морето не нè релаксира само поради фактот што тогаш конечно можеме да се опуштиме ментално.

shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-sme-vo-blizina-na-more-01.jpg

Имено, морето ја менува хемијата на нашите тела. Според научниците, морето го менува нивото на хормони, го забавува чукањето на срцето, го подобрува расположението...

Луѓето со децении ги разбирале здравствените ефекти на морето. Во 18-тиот век, лекарите како Вилијам Бучан го поттикнувале капењето во море бидејќи верувале дека има медицински придобивки.

Биле поставени и посебни „морски“ болници за оваа намена. Денес можеме да кажеме дека овие научници биле во право, бидејќи се покажа дека ефектот на морето врз луѓето е навистина огромен.

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-sme-pokraj-more-02.jpg

Еден од ефектите бил откриен од тим научници кои сакале да најдат поврзанот помеѓу близината на морето и здравјето. Овој проект бил наречен BlueHealth.

Научниците откриле дека звуците на морето ја стимулираат областа од мозокот позната како префронтален кортекс. Овој дел од мозокот е одговорен за нашите емоции и личната рефлексија. Научниците откриле дека звуците на морето ја прошируваат и ја подобруваат свесноста, но и емоционалната благосостојба.

shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-sme-vo-blizina-na-more-002.jpg

Океанските бранови исто така имаат улога во нашето здравје, без разлика колку нереално ви звучи ова.

Според истражувањата, кога сме на плажа нашите тела ги апсорбираат негативните јони што се ослободуваат од морските бранови. Ова го поттикнува телото да апсорбира повеќе кислород и да го регулира нивото на серотонин.

Резултатот е чувство на смиреност што е слично како после вежбање јога.

shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-sme-vo-blizina-na-more-03.jpg

Експертите сметаат дека вревата од морето го намалува и нивото на кортизол, хормонот на стрес, и предизвикува смиреност. Исто така тие сметаат дека овој звук нè потсетува на звукот на срцето на мајката што го слушаат бебињата за време на бременоста на жените.

Тоа би имало емоционално влијание поврзано со чувства на заштита и безбедност.

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-sme-pokraj-more-04.jpg

Кога го гледаме морето или кога сме покрај брегот, се наоѓаме во предвидливо и стабилно опкружување. Се чувствуваме безбедно кога сме на место слободно од закани како диви животни во џунглата или криминалци во големиот град.

Површината на морето што се губи на хоризонтот ни дава чувство на стабилност и сигурност.

Друго истражување покажало дека за време на сончање, топлината има влијание врз ендокриниот систем. Ова пак го поттикнува лачењето на ендорфини, истите хемикалии што ве прават среќни секогаш кога уживате во чоколадо.

Сепак, потребно е да бидете внимателни и да не излегувате на сонце без заштитна крема.

shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-sme-vo-blizina-na-more-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg