Ги брка комарците и го подобрува расположението – Зошто ви е потребен ловоров лист во домот?

Состојките во ловоровиот лист имаат смирувачко дејство врз телото и психата. Истовремено, ловоровиот лист е одбивен за комарците.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-001.jpg

Бидејќи веќе е период кога сите имаме проблеми со комарци, сигурно барате некакво решение.

Сè што треба да направите е да запалите неколку суви ловорови листови во просторијата каде што седите, а чадот ќе ги избрка комарците и ќе ви го подобри расположението.

Предноста на ловоровиот лист за разлика од средствата против инсекти е тоа што нема да вдишувате штетни хемикалии, туку природен мирис.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-002.jpg

Наместо да го палите, можете и да изроните ловоров лист и да го ставите онаму каде што ќе седите, како на пример под лежалката во вашиот двор.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-03.jpg

Овој трик ќе ви помогне да се ослободите и од другите инсекти, како мувите.

Добро е да знаете дека комарците не го поднесуваат и мирисот на босилекот, лавандата, рузмаринот и маточината.

Доколку пак имате проблем со мравки, може да ви помогне талогот од кафе – ставете го на местото каде што има најмногу мравки, па мирисот ќе ги натера да се преселат на друга локација.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...

Најчитани неделава