Што е Стокхолм синдром?

Психијатрите го користат терминот Стокхолмски синдром за опишување на психолошки карактеристики кои првпат биле забележани за време на случај со заложници од 1973-та година во Стокхолм.

doznaje-neshto-povekje-za-stokholmskiot-sindrom-01.jpg

Во инцидентот, двајца мажи држеле во заложништво четворица вработени во банка, и тоа цели 6 денови. Кога завршила целата ситуација, заложниците изгледале како да развиле позитивни чувства кон нивните киднапери, па дури покажувале и сочувство кон нив.

Иако е тешко да се разбере како заложниците би развиле емоционална приврзаност, па дури и би ги бранеле киднаперите, овој феномен сепак се случува.

Покрај појавата на синдромот во случај на заложништво, психолозите сметаат дека може да се појави и кај членови на култ и жртви на домашно насилство.

Една од најпознатите жртви на Стокхолмскиот синдром е Пети Харст. Пети била киднапирана во 1974-та година, а потоа им помогнала на нејзините киднапери да ограбат банка и покажала поддршка за нивната кауза.

Друг познат пример е случајот со Елизабет Смарт, тинејџерка од Јута која била киднапирана во 2002-ра година. Кога конечно била ослободена, Елизабет бил загрижена за состојбата на нејзините киднапери.

Иако некои експерти не се согласуваат, повеќето сметаат дека ова е чист пример за Стокхолмски синдром.

Симптоми

Стокхолмскиот синдром е психолошки концепт за објаснување одредени реакции, но не претставува формална дијагноза. Сепак, правните лица и професионалците за ментално здравје сметаат дека синдромот може да се појави, па постои прифаќање и свесност за оваа состојба.

Личноста со овој синдром може да почне да се идентификува со, или да формира блиска поврзаност со луѓето кои ја киднапирале. Киднапираниот може да се сочувствува со киднаперите, па дури и да стане емоционално зависен од нив.

Причината е што жртвата со овој синдром може да стане навистина плашливава и депресивна и покажува намалена способност да се грижи за себе. Поради ова, станува зависна од киднаперот.

doznaje-neshto-povekje-za-stokholmskiot-sindrom-02.jpg

Жртвите со Стокхолмски синдром покажуваат две клучни карактеристики – позитивни чувства кон нивните киднапери и негативни чувства, како гнев и недоверба, кон полицијата. Жртвата може да се плаши дека полицијата е закана за нејзината безбедност.

Имено, нема точни критериуми со кои се одредува синдромот. Покрај тоа, симптомите можат да се поклопуваат со други нарушувања, како оние од посттрауматичен стрес.

Причини

Не е целосно јасно зошто се појавува Стокхолмскиот синдром. Експертите сметаат дека ова е заштитна стратегија и механизам за справување кај жртвите на емоционално и физички малтретирање. 

На некој начин, ова е вид преживување, засновано на стравот, зависноста и траумата.

Во 1995-та година, психологот Ди Л. Р. Грем и нејзиниот тим навеле неколку ситуации во кои е најверојатно да се појави Стокхолмскиот синдром:

1. Жртвата чувствува постојана закана за нејзиниот живот од страна на киднаперот.

2. Жртвата добива мала добрина од киднаперот, како храна или неповредување.

3. Жртвата е изолирана од перспективата на другите, освен на нејзиниот киднапер.

4. Жртвата смета дека не може да избега од ситуацијата.

Едно можно објаснување е тоа што на почетокот киднаперот се заканува да ги убие жртвите, постапка што предизвикува страв. Но кога киднаперот нема да ја повреди жртвата, таа почнува да чувствува благодарност за малата добрина.

Заложниците исто така учат дека со цел да преживеат, мораат да бидат синхронизирани со реакциите на киднаперот и да развијат психолошки одлики што ќе го задоволат – зависност и послушност.

Експертите сметаат дека интензитетот на трауматичниот инцидент, заедно со недостатокот од физичко малтретирање на жртвата создава совршена околина за развивање на Стокхолмскиот синдром.

Преговарачите за заложници можат да го охрабрат развивањето на синдромот, бидејќи веруваат дека жртвите имаат подобри шанси за преживување ако киднаперите развијат некаква грижа за доброто на киднапираните.

Нерешена загатка

Стокхолмскиот синдром е ретка состојба, па можеби ова објаснува зошто истражувањата за неа се толку ретки. Според извештај од ФБИ од 1999-та година, 92% од жртвите киднапирање или заложништво воопшто не покажале знаци за Стокхолмски синдром.

Со толку малку случаи, нејасно е како овој синдром влијае врз менталното здравје на жртвата години после инцидентот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени ...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Синдром К: Како лекари од Рим спасиле десетици Евреи од нацистите со измислена болест? Во најтемните денови на Втората светска војна, кога нацистите безмилосно ги прог...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg