Форт Нокс - Местото со најсилното обезбедување на Земјата

Доколку сте слушнале некој да каже дека нешто е „безбедно како Форт Нокс“, тогаш станува збор за посилна заштита отколку што мислите. Како дом на речиси половина од залихата на злато на САД, Форт Нокс е најбезбедниот сеф во светот.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-01.jpg

Не можете ни да ѝ се приближите на градбата бидејќи е оградена со челична ограда. Самата зграда е направена од бетонски гранит и е појачана со челик, така што може да издржи речиси секаков напад.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-02.jpg

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-2-3.jpg

Форт Нокс е опремена со најновите и најмодерните направи за заштита. Не е точно потврдено кои се овие направи, но според гласините, сефот е опкружен со нагазни мини и електрични огради.

Има и обезбедување со ласери кои доколку ги допрете, активираат автоматски пушки, а целта област е надгледувана со радар.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-03.jpg

На секој од четирите агли на зградата има чувари, а истото се случува и на влезот.

Местото е и „дом“ на 40.000 војници, членови на семејства и вработени цивили. Зградата има и своја електрана за итни случаи, како и свој систем за вода.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-2-2.jpg

Форт Нокс се наоѓа и на листата на забранети места што никој не смее да ги посети.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-04.jpg

Доколку сепак успеете да стигнете до сефот, важно е да знаете дека неговата врата е направена од челик и бетон и тежи над 20 тони. Ниту една личност не знае како да влезе внатре.

Наместо тоа, неколку вработени знаат само една од повеќето комбинации, а за да се отвори сефот секој треба посебно да ја внесе својата комбинација.

fort-noks-mestoto-so-najsilnoto-obezbeduvanje-na-zemjata-2-1.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава