Што да понесам со себе на музички фестивал?

Возбуден си да го слушнеш твојот омилен бенд? Секојдневно да бидеш во контакт со нови и насмеани луѓе? Да се вратиш дома со еден куп пријатни спомени? Сезоната на фестивали веќе е започната насекаде.

shto-da-ponesam-so-sebe-na-muzicki-festival-001.jpg

Пред да се претопиш со толпата на посетители, биди сигурен дека ги спакува основните работи што ќе ти обезбедат удобност и часови стоење на нозе.

Во продолжение следува листа на основните работи што треба да ги понесеш ако се решиш да одиш на некој музички фестивал:

Шатор – сите знаеме дека најинтересните случки се случуваат токму на кампот, па затоа ако преспивате таму, логички е да имате и шатор со себе. Во секој случај, на секого му треба по некој саат сон за нормално да функционира.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 6

Воздушен душек – постои голема разлика од спиење на твра земја и спиење на воздушен душек. Ако си од оние кои не можат без неколку часа дремнување, тогаш биди сигурен дека пумпата за дување се наоѓа во твојот ранец.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 8

Удобни патики – секој вид на фестивал бара многу стоење, пешачење, а и играње. Осигурај се дека имаш супер удобни чевли кои нема да те „убијат“ додека траат најдобрите журки.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 9

Крема за сончање – знам дека одиш на фестивал, а не на плажа во Грција. Но, и тука и таму сонцето пече додека твојата кожа не ја направи жар црвена. Наместо утрата да ги дочекаш намачкан со кисело млеко, подобро заштити се и искористи го фестивалското време по свој мерак.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 1

Преносна резервна батерија – во никој случај не е кул да дремеш на твојот паметен телефон додека си на концерт. Но, понекогаш едноставно мораш да го користиш. Во најмала рака, наместо да останеш изгубен од екипата поради празна батерија, биди сигурен дека секогаш телефонот ќе ти биде вклучен, барем за оние „не дај Боже ситуации“.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 7

Презервативи – ако си сингл или во врска музичките фестивали секогаш ја разгоруваат љубовта и секогаш вреди да се грижиш за своето здравје.

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 2

Ако сакаш ова лето да ти биде поразлично, собери ја својата екипа и биди дел од Д Фестивал - најголемиот open – air фестивал во Македонија. 

Спакувајте се за Д-Фиеста, а за да сте сигурни дека сте ги зеле најважните работи, проверете го и Д-списокот за пакување. 

Од 12 до 14 јули во живо слушни ги: Ofenbach, Noisia, Akua Naru, Captain Hook, Napalm Death, Кирил Џајвоски, Суперхикс и уште многу други. 

Д-Фиеста може да започне!

shto da ponesam so sebe na muzicki festival 3

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава