Одговори на прашања за долна облека кои ве интересираат, а се срамите да ги поставите

Дали може да не носите долна облека и кога? Колку пара треба да имате и како да го одберете идеалниот градник?

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-01.jpg

Дали често ве мачат прашања поврзани со долната облека, но се срамите да ги поставите или не може да најдете одговор?

Во продолжение следат одговори на неколку најчести прашања поврзани со долната облека, кои луѓето најчесто си ги поставуваат.

Дали може да не носите гаќи?

Да, но само во една ситуација – кога вежбате, ако хеланките се направени од специјален материјал кој добро ја апсорбира влагата.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-02.jpg

Колку пара долна облека треба да имате?

Не постојат строги правила во однос на ова прашање и најчесто зависи од вашиот животен стил. Каква облека носите и колку различни модели ви се потребни во зависност од тоа, колку често перете облека и дали вежбате.

Важно е да имате неколку секојдневни пара гаќи, неколку пара за посебни прилики и неколку за вежбање, но ништо не ве ограничува да имате и „залихи“.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-03.jpg

Кога треба, а кога може да не носите градник?

Желбата и потребата да му се овозможи поголема слобода на телото е поголема во лето, кога потешко се поднесуваат градниците и трагите од триење заради пот.

Иако многумина го критикуваат овој пристап, сепак, се препорачува понекогаш да им дадете слобода на градите и да не носите градник, но потрудете се тоа да не изгледа вулгарно, да не носите провидни материјали и секако, бирајте ги местата каде може да се појавите така.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-04.jpg

Која е најчестата грешка при бирање градник?

Погрешна големина. На пример, ако 32А ве стега во корпите, наместо да одберете 32B, вие бирате 34А. Всушност, буквите ја означуваат големината на корпата, а бројките, големината на ластикот.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-05.jpg

Зошто ластикот на градникот се крева нагоре, а прерамките паѓаат?

Овој проблем се случува заради правење на горенаведената грешка со големините - ако прерамките на градникот се премногу долги (заради поголем обем на ластикот), а корпите мали.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-06.jpg

Кој е најдобриот материјал за долна облека?

Иако најмногу се препорачува памучен, природен материјал кој ќе ја апсорбира влагата и ќе спречува инфекции, сепак тоа не значи дека сите останати се неквалитетни.

Иако за синтетичките материјали многумина мислат дека се со слаб квалитет, сепак има одредени модели и материјали кои се квалитетни, посебно кај оние за вежбање.

odgovori-na-prashanja-za-dolna-obleka-koi-ve-interesiraat-a-se-sramite-da-gi-postavite-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава