Лекарите откриле маж кој 60 години живеел со половина мозок

Еден 60-годишен пензиониран руски инженер навистина ги изненадил лекарите откако откриле дека целиот живот го поминал со „само половина мозок“.

lekarite-otkrile-mazh-koj-60-godini-zhiveel-so-polovina-mozok-01.jpg

А ако мислевте дека ова го спречило во нешто, добро е да знаете дека пензионерот служел воен рок, одгледал семејство и има универзитетска диплома. Сепак, за да станете инженер потребно е да сте колку-толку поинтелигентни.

Воглавно, човечкиот мозок има две хемисфери – лева и десна. Но, кај мозокот на овој маж недостасувала левата хемисфера. Имено, рентгенските снимки од неговиот мозок покажале „црна дупка“ во неговиот череп.

lekarite-otkrile-mazh-koj-60-godini-zhiveel-so-polovina-mozok-03.jpg

Лекарите што го проучувале мажот веруваат дека овој случај е навистина уникатен, но поради желбата на пензионерот, решиле да не го откријат неговиот идентитет. Исто така, поранешниот инженер одбил на него да бидат направени дополнителни истражувања и тестирања.

Еден од невролозите кои го проучувале мажот, Марина Аникина, изјавила: „Мажот беше примен во клиника на југот од Москва поради исхемиски напад. Ова е проблем со циркулацијата на крвта во мозокот. Се разликува од мозочниот удар каде што дел од мозокот е неповратно уништен.“

lekarite-otkrile-mazh-koj-60-godini-zhiveel-so-polovina-mozok-04.jpg

Пациентот имал проблеми со движењето на едната рака и едната нога. Откако му била направена снимка на главата, радиолозите биле вчудоневидени – делот од мозокот каде што би требало да се случи исхемискиот напад воопшто го немало. Наместо левата хемисфера, на компјутерските слики имало само црна дупка.

Изгледа дека целиот свој живот, мажот се потпирал на десната хемисфера за извршување на сите задачи. А, изгледа и дека му одело одлично.

Пациентот изјавил дека само сакале да го остават на мир и им рекол на лекарите: „Живеев нормален живот, ништо не ме загрижуваше. А сега, не сакам никаква популарност.“

lekarite-otkrile-mazh-koj-60-godini-zhiveel-so-polovina-mozok-05.jpg

Пациентот пораснал во Советската ера и немал никакви физички или психички проблеми. Имал добар вид и се развил физички како и секое обично дете.

На училиште му одело добро, а успеал и да добие инженерска диплома, пред да ѝ се приклучи на Црвената армија. Се венчал, имал деца и сега е во пензија. Навистина водел нормален живот.

Доктор Марина изјавила дека научниците се свесни за случаи каде што недостасува дел од мозокот на некои луѓе. Во овие случаи, интелектот на луѓето бил недопрен, но секогаш имале проблеми со движењето.

„Во овој неодамнешен случај сме соочени со различна ситуација, каде што грешката во развојот на мозокот се случила во раната фаза од бременоста, можеби и дури додека бил ембрион. Обично ова води до спонтан абортус, но во овој навистина уникатен случај, нештата завршиле добро. Кога едната половина од мозокот била оштетена, другата едноставно ги прифатила сите функции.“

Марина исто така истакнала дека доколу мажот бил зачнат денес, благодарение на технологијата за забележување на овие проблеми, неговата мајка би била советувана да абортира од медицински причини.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава