7 фотографи кои вреди да ги следите на Инстаграм

Инстаграм е можеби најдобрата платформа за споделување на вашите креативни дела, а ова им е добро познато на фотографите ширум светот. 

7-fotografi-koishto-vredi-da-gi-sledite-na-instagram-01.jpg.jpg

Профилот на оваа социјална мрежа може да биде целосна изложба која е постојано отворена, а доколку имате добри фотографии, лесно ќе привлечете внимание.

Помеѓу бројните фотографи на Инстаграм, некои навистина се истакнуваат, а следниве 7 заслужуваат да ги заследите.

@stevemccurryofficial

Прв на листата е еден од најпознатите и најважните фото новинари. На неговиот профил ќе најдете фотографии од многу држави, култури и ери, а неговата умешност со фотоапаратот е неверојатна.

Стив е познат по живоста на неговите фотографии, винтиџ стилот и композицијата.

@creationsofla

Ла живee и работи во Дубаи, а покрај фотографијата, се занимава и со визуелна уметност. На неговиот профил има многу соработки со познати брендови и музичари.

Овој фотографи ги крши правилата на традиционалната фотографија, а благодарение на неговите креативни идеи, нуди ремек-дела многу поразлични од она на коешто сте навикнати.

@misshattan

Поранешната економистка стана едно од најголемите имиња на фотографската сцена во Њујорк. Најпозната е по уличната фотографија со што ги доловува сите настани во градот кој никогаш не спие.

@sammooresphoto

Можеби не сакате автомобили, но фотографиите на Сем нема да ве остават рамнодушни. Покрај фотографирањето, Сем е тркач, но и блогер. Неговите дела најдобро ќе ги опишете како спектакуларни фотографии од спектакуларни автомобили.

@shootwithrobert

Роберт едноставно знае како да ја фотографира природата. На неговиот профил ќе најдете бројни пејсажи кои вклучуваат водопади, шуми и реки. Живите бои и деталите на неговите фотографии будат посебни емоции.

@rachelhau

Рејчел прави улични фотографии, но со мал пресврт. Силните контрасти и внимателната употреба на острината ги прават нејзините фотографии препознатливи. Доколку сакате и вие да почнете со улична фотографија, ова е профилот што треба да го заследите.

@paulzizkaphoto

Доколку ја сакате поларната светлина, ова е фотографот за вас. Снег, мраз и ѕвездено небо се само некои од деталите на кои Пол им обрнува внимание. Покрај тоа, тој е повеќе пати наградуван за пејсажи и авантуристички фотографии.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава