Број на партнери, влакна и уште 6 работи што жените ги кријат од мажите

Обично мажите се мистериозни суштества, па неретко е вистински предизвик да откриете што мислат. Но, доколку сме реални, и жените не се многу поразлични. Имено, уште од најрана возраст, постојат некои работи што ние жените ги криеме од мажите по секој цена.

8-neshta-shto-rechisi-site-zheni-gi-krijat-od-mazhite-01.jpg

Без разлика дали причината е страв, срам или нешто друго, сигурно и вие ретко ги признавате или разговарате за овие нешта со мажите.

Влакна и депилација

Поради некоја причина, секоја жена се обидува да ги скрие влакната како знае, особено на почетокот од врската. Покрај самата депилација, ретко која жена би му кажала на партнерот кој дел од телето ѝ е највлакнест.

Сите жени го негуваат изгледот „без ниту едно влакно“ и овде спаѓа депилација од лицето, па сè до стапала.

8-neshta-shto-rechisi-site-zheni-gi-krijat-od-mazhite-02.jpg

Демнење на социјалните мрежи

Признајте дека барем еднаш сте ги демнеле бившите партнерки на вашито дечко. Се разбира, ова никогаш нема да му го признаете на партнерот, но благодарение на Фејсбук и Инстаграм, имате способност да ја дознаете целата љубовна историја на вашиот партнер.

8-neshta-shto-rechisi-site-zheni-gi-krijat-od-mazhite-03.jpg

Бројот на партнери

Ретко која жена ќе го каже точниот број на партнери, а веројатно и вие спаѓате овде. Причината е едноставна – не сакате да се оправдувате, не сакате да се чувствувате „посрамотено“ и не сакате да создавате непотребна драма во врската. Оваа мала лага нема да му наштети на партнерот, а вас ќе ве заштити од многу прашања.

„Скриншот“ од разговорите

Девојките неретко прават скриншот од разговорите со партнерите или момчињата што им се допаѓаат, но со добра намера. Едноставно сакаат да добијат совет од пријателките. Кој друг освен пријателките може да ви помогне да го смислите најдобриот одговор за неговото глупаво прашање?

8-neshta-shto-rechisi-site-zheni-gi-krijat-od-mazhite-04.jpg

Отворените разговори со пријателките

Можеби мажите немаат навика да ги споделуваат најинтимните детали од нивната врска. Но, жените сакаат да коментираат за буквално сè. Тие разговараат за она што им го кажал партнерот, како ги погледнал, што облекол, но и за првиот состанок, првиот бакнеж, сексот...

Колку време им е потребно за подготвување

Факт е дека жените трошат многу време на својот изглед, но ретко кога ќе го признаат тоа. Доколку партнерката ви испрати беспрекорна фотографија и ви каже дека се разбудила така, најверојатно тоа е лага.

А кога е време за излегување, одбирањето облека, шминкањето и барањето накит можат да одземат два часа, па и повеќе.

Одење во тоалет

На мажите не им е проблем да ве известат кога ќе одат во тоалет, но тоа не важи за жените. На почетокот од врската секоја девојка чека да остане сама за да оди во тоалет. На мажите, пак, воопшто не им е сфатлив овој проблем.

8-neshta-shto-rechisi-site-zheni-gi-krijat-od-mazhite-05.jpg

Постојано тестирање

Можеби изгледа малку злобно, но жените често сакаат да ги тестираат нивните партнери, се разбира, без нивно знаење. Најверојатно и вашата партнерка ве тестира, дури и кога не е до вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава