Како уметниците ги замислуваат црните дупки?

Црните дупки веќе со децении ги бунат научниците. Воглавно, ова е небесно тело со толку силна гравитација, што дури ни светлината не може да му избега. Оваа година успеавме да направиме нешто навидум неверојатно – фотографиравме црна дупка. Сепак, нашата технологија сè уште не е доволно развиена за да можеме вистински да видиме како изгледаат овие мистериозни космички тела.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-01.jpg

Но ова не ги спречува уметниците да ги комбинираат нивната креативност и знаењето што го имаме за црните дупки, па денес постојат безброј скици и слики со нивните замисли.

Сликите во продолжение зависат од неколку фактори, како на пример дали црната дупка е активна или не, дали се врти и слично. Па, погледнете како неколку уметници се справиле со предизвикот да нацртаат црна дупка.

Гледање кон невидливото

Оваа слика е всушност најдобриот приказ за тоа како научниците мислат дека изгледа црната дупка. Околу неа се наоѓа диск од жежок гас и прашина. Интересно е што двата прстени се всушност еден, но бидејќи гравитацијата ја искривува светлина изгледа како прстените да се нормални еден на друг.

Црната дупка е темната сфера во средината која не емитува никаква светлина. Линијата што ги одделува темната сфера и внатрешниот дел од прстенот е всушност внатрешниот раб на фотонската сфера – регион каде што светлината сепак успева да избега од гравитацијата на дупката.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-02.jpg

Млаз честички

На оваа слика не е прикажано искривување на светлината, туку масивните облаци материја кои можеби ја опкружуваат црната дупка. На сликата се гледа и зрак кој научниците го нарекуваат „релативистички млаз“.

Овој млаз е всушност енергија која ја емитува црната дупка додека ја повлекува материјата кон себе. Не е познато како точно се создаваат овие зраци, но можно е да бидат најмоќниот феномен што постои во универзумот.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-03.jpg

Искривување на ѕвездите

Овој пат црната дупка е опкружена од густо јато ѕвезди. Постојат и вакви небесни тела кои не се активни и не привлекуваат ништо кон нив.

Не е сосема јасно дали овие тела би изгледале вака, но сликата прикажува како црната дупка би го искривила секој зрак светлина што доаѓа од позади неа.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-04.jpg

Вселенска крофна

Покрај дискот од првата слика, некои црни дупки се опкружени на нешто наликува на огромна крофна. Оваа структура е наречена торус, а неодамна научниците успеаа да сликаат една со радио телескоп ALMA во Чиле.

Оваа галаксија е наречена NGC 1068 и се наоѓа на 50 милиони светлосни години од нас. Уметникот се обидел да претстави како би изгледало срцето на галаксијата. Не е познато речиси ништо за формирањето на овие структури, ниту пак за нивното однесување.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-05.jpg

„Јадење“ гас

Начинот на којшто црните дупки апсорбираат и други видови материја навистина ги фасцинира истражувачите. Во центарот на нашата галаксија се наоѓа супермасивна црна дупка и некогаш во иднината ќе проголт огромен облак гас – исто како на сликата.

Научниците се надеваат дека ќе можат да го гледаат настанот со помош на телескопот Event Horizon. Постојат многу прашања во врска со ова појава – дали дупката ќе го проголта целиот гас или дел од него ќе се движи околу дупката? Какво влијание ќе има овој огромен „оброк“ врз зракот што го испушта црната дупка? Засега ни останува само да чекаме за да дознаеме.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-06.jpg

Ѕвезден оброк

На оваа слика се гледа ѕвезда која ѝ се приближува на црната дупка. Ѕвездата е доволно блиску за да почне да ја губи материјата поради дупката, но доволно далеку за да не падне во неа.

Резултатот е млаз материја од ѕвездата кој се движи кон црната дупка. Ова ќе создаде диск околу ѕвездата и млаз кој ќе го испушта вишокот материја во вселената.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-07.jpg

Оригинал

Ова е слика од 1978-ма година направена од страна на францускиот астрофизичар Жан Пјер Лумине. Лумине користел пресметки од раниот транзисторски компјутер IBM 7040 и ги искористил податоците од компјутерот цртајќи на негатив хартија за фотографии.

На крај направил негатив на добиената слика и го добил овој резултат. Поновите компјутерски симулации од НАСА ја прикажуваа црната дупка на сличен начин, што значи Лумине завршил одлична работа.

kako-umetnicite-gi-zamisluvaat-crnite-dupki-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
„Трипати ја измамив смртта – преживеав труење со гас, цунами и несреќа со сурфање, не знам како сум ... Сула од Англија, која денес живее на Ибица, во детството речиси го загубила живо...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...

Најчитани неделава