„Не им дозволувајте да ве брзаат со мажачката“ – петте правила за среќен живот на Хелен Мирен

Славната актерка Хелен Мирен е инспирација за сите жени ширум светот. 74-годишната дама блеска со својата надворешна убавина, но истовремено е непресушен извор на мудри мисли и цитати.

Pette-pravila-za-srekjen-zivot-na-Helen-Miren-01.jpg

Во неколку пригоди, Мирен ги има споделено своите животни принципи за среќа на кои им се воодушевуваат сите, а особено припадничките на женскиот пол.

Како гласат правилата за среќен живот на Хелен Мирен?

Не дозволувајте да ве брзаат за мажачка

Мирен се омажила за својот долгогодишен партнер кога имала 52 години. „Секогаш дадете му доволно слобода на својот партнер и поддржувајте го во неговите амбиции. Иако, според многумина, сум се омажила за Тејлор многу дозна, нашиот брак функционира одлично“.

Однесувајте се човечки кон сите луѓе

„Секој човек има право на подеднакво почитување и важност, како и на вашата великодушност. Ова важи за сите кои се над вас, како и за оние кои се под вас според општествената положба“, изјавила Мирен.

„Секој треба да биде набљудуван како човечко суштество, а статусните симболи не смеат да влијаат на тоа. Особено треба да се внимава на статусот на жените, бидејќи во која и да било земја каде што сум била, почитувањето кон жените придонесувало за подобар живот на сите луѓе“.

Игнорирајте ги сите кои ве осудуваат поради изгледот

„Ова особено се однесува на мислењата на анонимните кои ве критикуваат на друштвените мрежи. Доколку баш вие сте таков тип на човек кој го критикува изгледот на другите на друштвените мрежи, престанете. Одете и правете нешто друго“.

Немојте да се плашите

„Погледнете го стравот директно во неговиот грдо лице и тргнете напред, а кога ќе поминете покрај него, свртете се брзо и шутнете го во задникот“. Добар совет, нели?

Немојте премногу да си компликувате работите

За крај, славната дама Хелен Мирен потврдува дека со цел да живееме среќен живот, поголемиот дел од работите во него треба да бидат мошне едноставни.

Пред многу години, Мирен истетовирала израз од јазикот на старите Маи. Тој може да се преведе на следниот начин: Ти си моето второ јас. Ние сме едно. Јас сум твоето второ јас.

Старите Маи имале еквивалент на библиската заповед: Сакај го ближниот свој онака како што се сакаш самиот себе. „И затоа, доколку сум јас тука, имам одговорност и за тебе“, појаснува Мирен.

„А доколку си ти тука - имаш одговорност за мене. Едноставно е - сите ние сме заедно во овој живот“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава