Како да се контролирате кога поминувате низ тежок период?

Треба да знаете дека не е сè толку лошо како што изгледа на почетокот. Секогаш треба да се сетите на убавите, позитивните работи, кои ве опкружуваат. 

Kako da ja odrzite kontrolata koga pominuvate niz tezok period 01

Како, на пример, поддршката на пријателите, фамилијата, партнерот, кои ќе ви дадат сила да се борите и да туркате напред.

Губењето мир и спокојство е последното нешто што треба да ви се случи кога минувате низ тежок период. Ако сте опуштени ќе ви биде полесно да ја задржите контролата и да ја пронајдете најдобрата опција и решение.

Ова се неколку совети за тоа како да ја одржите контролата кога поминувате низ тежок период:

Препознајте ги знаците што вашето тело ви ги испраќа

Кога чувствувате напнатост вашето тело ви испраќа знаци на предупредување. Важно е да обрнете внимание кога, на пример, имате грчење на мускули, кога срцето ви работи забрзано, кога тешко дишете или кога се зголемува температурата на вашето тело.

Сите не доживуваме исти знаци, затоа е важно да ги препознаеме веднаш штом ќе се појават.

Kako da ja odrzite kontrolata koga pominuvate niz tezok period 02

Дишете длабоко

Ако знаете како да го контролирате дишењето ќе можете да ја задржите контролата во секоја ситуација, особено кога чувствувате дека светот околу вас се распаѓа.

Додека сте под притисок, се зголемува нивото на стресот, а забрзаното дишење е најочигледниот знак. Ова се случува бидејќи вашето тело се подготвува за механизмот: бори се или бегај.

Затворете ги очите и дишете многу бавно. Држете го воздухот во вашите бели дробови пет секунди, а потоа полека испуштете го. Повторете ја оваа едноставна вежба онолку пати колку што е потребно и полека ќе започнете да забележувате промени во вашето тело.

Kako da ja odrzite kontrolata koga pominuvate niz tezok period 03

Што можете да направите?

Кога имате проблем, се чини дека сè се врти околу него, но фокусирањето на енергијата на проблемот може да ја влоши ситуацијата. Кога се справувате со тешка ситуација, понекогаш е подобро да го задржите вашиот ум окупиран со други работи.

Фокусирајте се на работите што ве радуваат, како што се слушање музика , читање книга, гледање филмови, излегување со пријателите и сл.

Имајте смисла за хумор

Смејте се на работите што ви се случуваат, дури и ако другите луѓе мислат дека сте луди. Обидете се да ја пронајдете смешната страна на лошите работи. Ова не е лесно да се направи, но не е ниту невозможно.

Kako da ja odrzite kontrolata koga pominuvate niz tezok period 05

Дајте си време

Кога вашето тело е напнато, срцето ви чука побрзо. Не можете да размислите јасно за тоа што ви се случува и сакате да дејствувате без да ја анализирате ситуацијата. Подобро е да се одморите и да пронајдете време за себе, за потоа правилно да дејствувате.

Разговарајте со личност која нема никаква врска со вашите проблеми

Ова може да биде терапевт или личност која нема никаква врска со вас или вашиот проблем. Сепак, ова мора да биде некој со кого се чувствувате пријатно.

Нечија гледна точка може да ви помогне да го најдете решението за кое претходно не сте размислувале.

Kako da ja odrzite kontrolata koga pominuvate niz tezok period 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg