Вистински приказни за луѓе кои тврделе дека се нечија реинкарнација

Одвреме-навреме се појавува по некоја приказна за личност којашто тврди дека е нечија реинкарнација. Повеќето вакви приказни очигледно се лажни и нема потреба да истражуваме за да го откриеме ова.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-01.jpg

Но, некои случаи навистина се истакнуваат, особено кога личноста се сеќава на детали од нејзиниот „претходен живот“.

Без разлика дали верувате во реинкарнација или не, вреди да ги прочитате следниве приказни.

Рајан

Рајан е роден во 2005-та година и уште како мал тврдел дека е реинкарнација на Марти Мартин, маж кој умрел пред 50 години. Рајан го препознал Марти на фотографија и изјавил дека во претходниот живот патувал низ светот со голем брод и си купил куќа со базен и пијано.

Исто така додал дека Марти имал две сестри и дека неговата мајка имала кафеава виткана коса. Рајан напоменал дека Марти уживал во сончањето, лесно горел и дека имал слугинка Афроамериканка. Интересното е што сите овие нешта биле вистина.

Сепак, на Рајан му било малку тешко да опише некои работи. На пример, изјавил дека домашната адреса на Марти го содржела зборот „Rock“ или „Mount“. Последната адреса на Марти го имала зборот „Roxbury“ кој малку наликува на „Rock“.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-02.jpg

Хелен Смит

Хелен била родена во 1861-ва година и тврдела дека е реинкарнација на француската кралица Марија Антоанета. Исто така тврдела дека е реинкарнација на ќерката на арапски шеик и сопругата на хинду принц.

Таа работела како духовен медиум бидејќи наводно, добивала пораки од невидливи суштества.

Хелен често паѓала во транс и велела дека во тие моменти комуницира со Марсовци. Исто така изјавила дека го разбира јазикот на Марс и често зборувала и пишувала на јазик за кој велеа дека е марсовски.

Дури направила и цртеж на кој е прикажан теренот на Марс.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-03.jpg

Емин Гиновци

Емин од Косово тврди дека е реинкарнација на Адолф Хитлер. Додека бил војник, колегите истакнале дека наликува на Хитлер, а понекогаш луѓето и го поздравувале така. Денес тој заработува имитирајќи го Хитлер и можете да се фотографирате со него по цена од 20 до 80 евра.

Но неговата сличност со Хитлер не е само физичка. Наводно, Емин мразел пушење и рано пристигнувал на состаноци. Дали навистина е реинкарнација на Хитлер или сепак лаже, останува отворено за дебатирање.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-04.jpg

Прочитајте ги останатите приказни на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава