Дали сте слушнале за окото на Сахара?

Една од поинтересните геолошки формации на нашата планета, која остана неоткриена долго време, е геолошката формација Ричат, попозната како окото на Сахара. Сместена е во западна Сахара, во денешна Мавританија. 

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 01

Оваа кружна геолошка формација, со дијаметар од околу 40 километри, е скоро невидлива, кога се гледа од површината.

Затоа е откриена дури во 1965 година, за време на мисијата на Џемини IV, кога на астронаутите им било наложено да направат голем број фотографии на површината на Земјата, со посебен акцент на кружните форми.

Една од снимените фотографии била и окото на Сахара, за која научниците првично сметале дека е кратер. Меѓутоа, со текот на времето станало јасно дека окото на Сахара е резултат на други процеси.

Поточно, според сегашната теорија, окото е создадено пред повеќе од 100 милиони години, откако се распаднал суперконтинентот Пангеа, со што започнал процесот на создавање на денешните континентални маси, поточно раздвојување на Африка и Јужна Америка.

Благодарение на овие процеси, стопениот материјал од внатрешноста на планетата се обидел да избувне на површината, но без успех, создавајќи само еден вид камена купола над себе.

Наскоро се формирале кружни пукнатини на споменатата купола, што довело до силна ерупција и пропаѓање на куполата, како и формирање на кратер, кој подоцна еродирал за да го добие сегашниот изглед.

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 02

Прстените формирани во рамките на окото се состојат од различни типови карпи кои еродираат со различна брзина. Бледиот круг во близина на центарот на окото е составен од вулкански карпи формирани за време на експлозијата.

Конечно, да спомнеме една малку поинаква теорија според која окото претставува остатоци од главниот град на Атлантида, опишана од Платон, како град составен од концентрични кругови.

И којзнае, можеби постои огромно вселенско летало под површината?

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник н... Во 2022 година, Едвин Кастро од Калифорнија освои 2,4 милијарди долари на лото. ...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...

Најчитани неделава