Ковчегот со божјите заповеди и уште 7 најмистериозни археолошки пронајдоци на Земјата

Покривката од Торино

Се верува дека покривката од Торино е всушност погребната покривка на Исус. Ова е парче ткаенина на кое се гледаат траги од крв, како и затемнет отпечаток од тело на маж.

Католичката црква официјално го призна постоењето на покривката во 1.353 година, но нејзината легенда датира уште од 30-тата или 33-тата година од нашата ера. Според легендата, покривката била транспортирана од Јудеја до Едеса, а потоа до Константинопол.

Кога крстоносците го опустошиле Константинопол во 1204-та година, покривката била префрлена во Атина, каде што стоела до 1225-та година.

Дури во 1980-тите научниците допеа до покривката и се обидоа да ја одредат нејзината старост. Резултатите покажале дека покривката е всушност направена помеѓу 1260-та и 1390-та година и дека најверојатно станува збор за измама.

Сепак, критичарите сметаат дека археолозите можеби датирале делови од покривката кои биле додадени подоцна.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-05.jpg

Гобекли Тепе

Едно неверојатно археолошко истражување од 1994-та година во Гобекли Тепе, рурална област во Турција, постави нови прашања за човечката еволуција.

Овде биле пронајдени огромни камени столбови на кои биле изрезбани сцени со животни и датираат од 10-тиот милениум п.н.е. Гобекли Тепе се смета за најстарото место во светот за поклонување.

Пронајдените докази покажуваат дека луѓето што го изградиле биле делумно номади и ловци, најверојатно без никакво знаење за агрикултурата.

Поради ова археолозите почнаа да се прашуваат што започнало прво – агрикултурата или градењето храмови. Дали градењето на овие храмови водело до градењето населби, а не обратно како што се мислеше до неодамна?

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-06.jpg

Ковчегот со божјите заповеди

Ова е дрвен ковчег украсен со злато во кој наводно се наоѓаат камените плочи на кои се испишани 10-те божји заповеди. Во минатото, оваа света кутија се чувала во Првиот храм, еврејско место за поклонување во Ерусалим.

Според хебрејската библија, Првиот храм би уништен во 587-ма година п.н.е и никој не знае што се случило со ковчегот.

Многу луѓе почнале да го бараат, но никој не нашол ништо. Некои сметат дека ковчегот завршил во Вавилон, други дека е закопан во Ерусалим или пак дека е уништен заедно со храмот.

Според некои понови извештаи, ковчегот се наоѓа во манастир во Етиопија. Според еден неодамна преведен хебрејски тест, ковчегот ќе се покажел самиот кога ќе дојде месијата, синот на Давид.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-07.jpg

Ракописот Војнич

Ова е најзборуваната книга на 20-тиот век, а всушност никој не може да ја прочита. Книгата, односно ракописот Војнич бил откриен во 1912-та година од продавач на стари книги.

Книгата има 250 страници кои се испишани со непозната азбука и на кои има разни илустрации – од женски тела, па сè до тревки и хороскопски знаци.

Книгата е стара околу 600 години и најверојатно била напишана во Централна Европа. Додека некои веруваат дека книгата е всушност голема лага од ренесансата, постојат и оние кои сметаат дека книгата е напишана на таен јазик и дека содржи некаков код.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две... Крис и Лисен од Холандија исчезнале кога отишле на популарна планинарска патека ...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg