5 трикови кои ќе ви помогнат полесно да „прочитате“ лажговци

Според статистичките податоци, околу 90% од информациите што ги примаме се засноваат на гестовите на соговорникот. 

5-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-polesno-da-prochitate-lazhgovci-01.jpg

Несвесно ја читаме позицијата на телото и, врз основа на тонот на гласот, го чувствуваме расположението. Врз основа на гестите можеме да донесеме заклучок за тоа дали некој лаже.

Ова се 5 најчести гестикулации кои се својствени за лажговци:

1. Широко отворени очи

Психолозите тврдат дека лажговците не можат долго да одржуваат контакт со очите. Меѓутоа, ако некое лице свесно лаже ќе се обиде да ја погледне личноста во очи, со цел да создаде атмосфера на доверба.

За ова е потребен голем напор на мускулите на очите. Ова е причината зошто лажговците честопати ги отвораат очите широко.

5 nacini da zabelezite lazlivec 04

2. Ги исправаат рамената и ја креваат брадата

Ако некој одеднаш се исправи или ги крева рамената додека зборува, тоа значи дека не верува во сопствените зборови. Истото важи и за позицијата на главата: со подигање на брадата, човекот потсвесно се обидува да си даде авторитет.

5 nacini da zabelezite lazlivec 03

3. Гризење или лижење на усни

Личноста која треба да лаже сè потешко зборува, бидејќи ѝ се суши устата. Ова е лесно да се објасни: автономниот нервен систем го намалува лачењето на плунката.

5 nacini da zabelezite lazlivec 02

4. Ја наведнува главата на страна

Дури и Чарлс Дарвин забележал дека луѓето, како и животните, ги наведнуваат главите настрана кога се интересираат за нешто.

Обидувајќи се да се добие на време, за да го пронајде одговорот на непријатното прашање, човекот рефлексно го имитира интересот кон соговорникот, за да ги прикрие своите вистински намери.

5 nacini da zabelezite lazlivec 05

5. Ги покрива чувствителните делови од телото

Градите, стомакот, интимните места...ова се делови од телото што лицето кое лаже се обидува да ги скрие.

Постои физиолошко објаснување за таквиот гест: кога вегетативниот систем е под стрес (а лажењето е секогаш стрес), истиот дава сигнал за контракција на стомачните мускули, што може дури да предизвика болни грчеви.

5 nacini da zabelezite lazlivec 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава