Мали но значајни ситници кои имаат моќ да ви го направат денот поубав

Иако многумина трагаат по големите задоволства во живот, сепак она што го прави посреќен животот се сите мали ситници кои секојдневно нè исполнуваат и радуваат.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-01.jpg

За среќен и убав живот, не е потребно многу, доволно е само да знаете да го цените секој момент и да уживате во секоја мала работа која ви ја носи животот.

Понекогаш, застанете од брзата трка кон достигнување големи работи и сетете се на ситниците кои ви го прават денот поубав.

Овие мали моменти на задоволство со сигурност го прават сечиј ден поубав:

1. Кога ќе се разбудите во паника, убедени дека сте се успале и ќе задоцните, а потоа ќе го проверите телефонот и ќе сфатите дека имате уште еден час за спиење.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-02.jpg

2. Кога ќе се разбудите од прекрасен сон нервозни дека сте си го прекиналe, но потоа веднаш ќе заспиете и во глава си го продолжувате сонот.

3. Кога ќе почувствувате студ, па ќе го облечете најмекиот, најголемиот и најизносениот, удобен дуксер и ќе се стуткате во него.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-03.jpg

4. Кога гледате некој интензивен, динамичен и мистериозен филм, за кој сите велат дека ќе има драматичен пресврт, а вие ќе го погодите крајот во првите 20 минути и имате чувство на задоволство кое никој не може да ви го одземе.

5. Кога некој со кого не сте се виделе ниту контактирале одамна ќе ви помине низ глава и ќе се зачудите што сте се сетиле, а следниот ден ќе добиете порака од истиот човек или ќе го сретнете.

6. Кога ќе се разбудите среде ноќ гладни и си замислувате некое јадење што инстантно ќе ве задоволи, а по некоја случајност истото ќе го најдете во кујна.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-04.jpg

7. Кога експериментирате и пробувате храна за која ќе бидете сигурни дека нема да ви се допадне, а по првото залче ќе се заљубите и си ветувате дека ќе бидете поавантуристички и ќе вкусувате нови специјалитети.

8. Кога ќе се истрошат батериите на некој уред и се разочарувате дека немате нови, но потоа ќе се сетите дека пред некое време за секој случај сте купиле, или пак случајно ќе ги најдете скриени во некоја фиока.

9. Или, кога ќе снемате шампон, масло или што било друго, па веднаш ќе се сетите дека сте купиле уште неколку на резерва или ги чувате оние од хотелските соби, па чувствувате некое ослободување и гордост.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-05.jpg

10. Кога имате ужасен ден, а потоа некој ќе ве пофали и ќе ви даде комплименти за изгледот, па ужасниот ден станува малку подобар.

11. Кога ќе заборавите дека сте нарачале нешто од интернет, па кога ќе ја добиете пратката се чувствувате како да е Нова Година бидејќи немате поим што е „подарокот“ и ќе се израдувате кога ќе видите што е.

12. Кога седите под ќебе мрзеливи и уживате во омилената серија или во не правење ништо, но сте договорени за кратко да се видите со некој, и потоа пријателот ви пишува дека не е расположен или не може да излезе, па се чувствувате како Универзумот да интервенирал и целиот свет да е на ваша страна.

13. Кога ќе излезете со пријател и двајцата сте комплетно синхронизирани за тоа што сакате да јадете, каде сакате да одите, што да правите и за што да зборувате.

mali-no-znachajni-sitnici-koi-imaat-mokj-da-vi-go-napravat-denot-poubav-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg