Како авиокомпаниите ги чистат авионите толку брзо?

Доколку сте летале со авион, најверојатно воопшто не сте ги забележале чистачите на леталото.

kako-aviokompaniite-gi-chistat-avionite-tolku-brzo-01.jpg

Сепак, чистењето на авионите е важен дел од патувањето, и тоа не само затоа што го прави целото искуство поудобно - со чистењето се отстрануваат микробите и микроорганизмите што можат да им наштетат на патниците.

Авиокомпаниите работат постојано со цел да им овозможат чист простор на своите патници. Ова чистење треба да се заврши за само неколку минути, а кога ќе се земе предвид краткиот период, јасно е дека е потребна добра организација.

kako-aviokompaniite-gi-chistat-avionite-tolku-brzo-02.jpg

При чистењето, најмногу внимание се обрнува на местата каде што се приготвува храната, тоалетот, седиштата и масичките. Па, сигурно се прашувате како овие луѓе успеваат да го завршат сето ова за само неколку минути.

Денешните компании за чистење користат технологија за да дознаат кога слетува некој авион и какво чистење е потребно за него. Па веднаш штом ќе слета авионот, чистачите можат да се фатат за работа.

Точната постапка за чистење на авионот зависи од неколку фактори, како времето кое авионот ќе го помине на земјата и дали летот е домашен или интернационален. Воглавно, постојат 3 операции за чистење:

Брзо чистење: Ова чистење е за авиони кои треба да полетаат за брзо. Воглавно чистачите се фокусираат на тоалетот, фрлање на ѓубрето и чистење на седиштата.

Прекуноќно чистење: На овој начин се чистат сите летала кои ги завршиле своите тури за изминатиот ден. Најчесто овие авиони остануваат на земја околу 8 до 10 часа. Во овој случај, чистачите обрнуваат повеќе внимание на просторот за седење, како и на тоалетите.

Длабинско чистење: Длабинското чистење на авионот е слично како и длабинското чистење на автомобил. Седиштата и другите површини се отстрануваат и темелно се чисти целиот простор. Некои авиокомпании имаат и специјализирана опрема што им помага во длабинското чистење.

kako-aviokompaniite-gi-chistat-avionite-tolku-brzo-03.jpg

Во зависност од условите, потребни се од 5 до 12 луѓе за чистењето на авионот. Секој од нив си има своја задача, па целиот процес е многу поефикасен.

Најтешкиот вид чистење е брзото чистење, најмногу бидејќи на сите патници им е потребно различно време за да излезат од авионот. Доколку празнењето на авионот е подолго, чистачите имаат многу помалку време да ја завршат својата работа. Кога авионот доцни, неретко во чистењето се вклучуваат повеќе луѓе.

kako-aviokompaniite-gi-chistat-avionite-tolku-brzo-04.jpg

Друг предизвик за чистачите е справувањето со заборавените предмети на патниците. Овие предмети се запишуваат, се прави фотографија од нив, а потоа ги презема авиокомпанијата додека не се најде нивниот сопственик.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе кои преживеале смртоносни авионски несреќи – 12-годишно девојче чекало 8 часа среде океан за да... Бахуа Бакари имала 12 години кога преживеала фатална авионска несреќа. Авионот с...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава