Секојдневни работи чија намена ќе ја откриете дури сега


Секојдневни работи чија намена ќе ја откриете дури сега

Понекогаш употребуваме некој предмет со години пред да откриеме уште некоја негова намена. На пример, маргините на книгите биле додадени со цел да се заштитат ракописите од пожар или други незгоди бидејќи во минатото печатењето било навистина скап процес.

nekolku-primeni-na-sekojdnevnite-predmeti-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-01.jpg

Погледнете ги 8-те предмети што сигурно ги употребувате секојдневно, но за кои не сте знаеле дека имаат и друга примена:

Квадратот со дупчиња на ранците

На почетокот, овие квадратчиња ги имало само на ранците за туристи и се користеле за закачување на јажиња. На ова место од ранецот можете да закачете чадор, шише вода, па дури и вашите патики.

nekolku-primeni-na-sekojdnevnite-predmeti-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-02.jpg

Малото дупче до камерата на iPhone

Малото дупче на овие смартфони што се наоѓа помеѓу блицот и камерата е всушност уште еден микрофон. Овој микрофон ја блокира надворешната врева и го прави звукот од разговорот појасен.

nekolku-primeni-na-sekojdnevnite-predmeti-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-03.jpg

Чепкалки за заби

Доколку сте виделе чепкалка како на фотографијата, сигурно сте си помислиле дека горниот дел е само дизајн. Но, ова се јапонски чепкалки чиј горен дел може да се скрши и да се употреби како држач.

nekolku-primeni-na-sekojdnevnite-predmeti-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-04.jpg

Дупките во вашите патики

Првите обувки од овој вид биле наменети за кошаркари. На обувките бил додадени дупчиња од страната за спортистите да можат посилно да ги стегнат врвките. И денес некои обувки го имаат овој дизајн, но сега дупчињата се еден вид вентилација.

nekolku-primeni-na-sekojdnevnite-predmeti-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Искрени, одговорни и точно знаат што сакаат - кои се карактеристиките ... Што е неодоливо кај една жена? Некои ќе кажат насмевката, други очите, трети тел...
Најголемите донации што не треба да ги заборавиме Донирањето е нешто што го охрабрува речиси секој. Додека ние, „обичните“ луѓе мо...
11 причини зошто треба повеќе да читате книги Денес многу од младите, за жал, сметаат дека читањето книга е хоби само на интро...