11 држави со најдобар образовен систем во светот

Холандија

Според извештајот на УНИЦЕФ од 2013-та година, децата од Холандија се најсреќните во светот. На училиште не им даваат многу домашни, а учениците пријавуваат кога чувствуваат притисок или стрес. Училиштата се поделени на верски и „неутрални“ и има мал број приватни училишта.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-07.jpg

Катар

Благодарение на проектот Vision 2030, образованието во Катар се подобрува. Училиштата што ги финансира државата нудат бесплатно образование само за тамошните жители, а оние од странство најчесто ги праќаат децата во приватно училиште.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-08.jpg

САД

Во учебната 2016/17, САД беше домаќин на над милион меѓународни студенти. Интернационалниот упис на студенти се зголемувал целата мината деценија.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-09.jpg

Финска

Финска е позната по тоа што нема никакви ограничувачки системи. Сите ученици, без разлика на нивните способности, учат во исто одделение. Поради ова, разликата помеѓу најслабиот и најдобриот ученик е најмала на светот. Покрај тоа, тамошните ученици имаат многу малку домашна работа и имаат само еден задолжителен тест во 16 години учење.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-10.jpg

Сингапур

На тестовите од Програмата за меѓународни студенти, со кои се мерат и споредуваат резултатите на студенти од различни држави, Сингапур има навистина висока оценка. Сепак, за оваа држава е познато дека ги изложува учениците на голем стрес во раните години од нивното образование.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-11.jpg

Швајцарија

Во Швајцарија само 5% од учениците одат во приватни училишта. Во зависност од регионот, часовите се изведуваат на разни јазици, од кои најчести се германскиот, францускиот и италијанскиот. Од средно училиште, учениците се делат во зависност од нивните способности.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава