Неколку мажи ги побиваат митовите што повеќе не сакаат да ги слушаат за нив

Постојат безброј митови за карактерот и особините на мажите – мажите не плачат, мажите не се романтични, мажите не знаат да чистат… Но поголемиот дел од овие тврдења се лажни, а на повеќето мажи им е преку глава да ги слушаат.

nekolku-mazhi-gi-pobivaat-mitovite-shto-povekje-ne-sakaat-da-gi-slushaat-za-niv-01.jpg

Затоа неколку мажи решиле да ги побијат овие митови и еднаш засекогаш да ни ја откријат вистината.

Мажите не се романтични колку жените

„Знаете што? Навистина се грижев за денот на мојата венчавка. Не можев да поверувам колку луѓе (повеќето жени) тврдеа дека сè што требало да направам за свадбата е да запомнам каде ќе се одржува. Имав идеи за тоа како сакав да изгледа и како сакав да се одвива. На ова секогаш ми одговараа дека тоа било работа на жените.

Мажите само сакаат да флертуваат

„Мажите зборуваат со жени само затоа што сакаат нешто од нив. Ова го слушав често во основно и средно бидејќи имав многу пријателки. Јас не сум луд по девојки, туку едноставно не ми е проблем да бидам пријател и со машки и со женски.“

nekolku-mazhi-gi-pobivaat-mitovite-shto-povekje-ne-sakaat-da-gi-slushaat-za-niv-02.jpg

Мажите имаат високо мислење за себе

„Слушате за ширење позитивност за телото само за жени.“

Мажите не ги ценат женствените работи

„Ги сакам продуктите на Bath and Body. Секогаш купувам влошки и тампони кога ќе ме замолат. Понекогаш плачам. Ценам кога машко изгледа добро. А ова ми пречи најмногу – понекогаш се чувствувам како да не можам да дадам комплимент за нечија нова фризура и слично.“

Мажите не можат да се справат со домаќинството

„Јас сум сингл и самиот чистам, перам, мијам садови… Никогаш не сум се чудел за што е метлата и никогаш не сум купил вечера бидејќи сум ја изгорел дома. Исто така, можам да се грижам за бебе без да добивам инструкции од жена.“

nekolku-mazhi-gi-pobivaat-mitovite-shto-povekje-ne-sakaat-da-gi-slushaat-za-niv-03.jpg

Мажите се однесуваат како роботи

„Луѓето мислат дека ние сме без емоции. Понекогаш едноставно не е вистинскиот момент за да ги покажеме чувствата. Само затоа што не ги покажувам, не значи дека не ги чувствувам.“

Мажите се едноставни

„Понекогаш слушам како девојките велат дека мажите се едноставни и не ја сфаќаат комплексноста на жените. Ова најчесто се однесува на тоа што им велиме да бидат директни и да ни кажат што им треба од нас.“

Мажите не признаваат кога се изгубени

„На повеќето мажи воопшто не им е проблем да прашаат за насока. Не сакам кога сум изгубен.“

nekolku-mazhi-gi-pobivaat-mitovite-shto-povekje-ne-sakaat-da-gi-slushaat-za-niv-04.jpg

Мажите не сакаат јавно покажување љубов

„Всушност, ние сакаме внимание исто колку и жените. Истото важи и за прегратките.“

Мажите не ги ценат продуктите за убавина

„Имам слушнато дека сакаме шампон, сапун и регенератор во едно бидејќи не знаеме како да се истушираме.“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава